Број 3041  вторник, 21 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Сите си ја префрлаат топката за Законот за енергетика

Мислењето од Европската енергетска заедница се' уште патува до Владата, по дипломатски пат

Соња Маџовска

Мислењето од Европската енергетска заедница за Законот за енергетика се' уште патува до Владата, по дипломатски пат, велат од Министерството за економија. Владата се правда дека официјално ги нема добиено забелешките. Министрите си ја префрлаат одговорноста едни на други.

Од тројката најповикани Ставрески, Чинговски и Бесими, само Бесими најави дека откако официјално ќе ги добијат забелешките од ЕЕЗ, веднаш ќе пристапат кон менување на Законот.

Од ЕЛЕМ, кој фактички поради забелешките од Брисел ќе мора да ја загуби монополската позиција што му се даде со ланските измени на Законот, засега не сакаат да коментираат ништо. Оттаму упатуваат на Министерството за економија, кое е предлагач на Законот за енергетика. Откај актуелниот министер за финансии, Зоран Ставрески, кој пак кога се правеа измените на Законот беше еден од неговите најголеми бранители како вицепремиер задолжен за економски прашања, упатуваат кај новиот вицепремиер на таа позиција, Владимир Пешевски.

Се поставува прашањето дали прв жежок костен со кој ќе мора да се справи новиот вицепремиер, тамам седнат во фотелјата, ќе бидат токму измените на Законот за енергетика. Од Кабинетот на Пешевски вчера не добивме официјален став за ова прашање.

И додека во Владата молчат и си ја префрлаат топката, опозицијата повикува на одговорност. Јани Макрадули од опозицискиот СДСМ вели дека Европската енергетска заедница го потврдила токму она на што тие укажувале изминатава година. Тој смета дека, од една страна, тоа за нив е сатисфакција и потврда дека биле во право што толку гласно ги критикувале измените на Законот, но, од друга страна, тоа воопшто не е добро за државата. „Се изгубија многу време и пари. Државата го покриваше нестручното работење на ЕЛЕМ, за што компаниите плаќаа повеќе. Поради монополот на ЕЛЕМ, оштетени се и фирмите и граѓаните. Најстрашно од се' е што е нарушен имиџот на државата. Тоа нема цена. Најмалку што треба во овој момент е некој да понесе политичка одговорност. Ставрески, Чинговски и Бесими треба веднаш да си заминат по ова. Тогаш лажеа дека Законот е усогласен со европските директиви, како што лажат и за се' друго. Затоа Европа ни е лута. Владата на ВМРО-ДПМНЕ едно ветува во Брисел, друго прави дома. Затоа го губиме чекорот на патот кон Европската унија“, вели Макрадули. Според него, само во делот на енергетиката, на земјава и' се забележува по три основи: спорот на Владата со ЕВН, Законот за енергетика, кој испадна дека не е усогласен со европските директиви, но и партизацијата на Регулаторната комисија за енергетика.

А, всушност, главните забелешки на ЕЕЗ се дека со законските измени во октомври 2008 година ЕЛЕМ е поставена во повластена позиција во однос на другите енергетски компании, што е на штета и на потрошувачите. И според домашните експерти, повластената позиција што ја доби ЕЛЕМ да купува и да тргува со струја скапо ја плаќаат граѓаните, затоа што се' повеќе се намалува домашното производство и се' повеќе се зголемува скапиот увоз на струја. Според нив, еднаков пристап на сите учесници на пазарот на електрична енергија ќе се обезбеди ако се врати поранешниот Закон за енергетика. Ако му се врати старата улога на ЕЛЕМ, експертите сметаат дека тоа ќе биде добро за граѓаните, поради тоа што оваа државна компанија ќе ја интересира само домашното производство на струја и нема да биде преокупирана со увоз и трговија на електрична енергија.

Но, по упатените забелешки од Брисел ќе треба да се реши и проблемот со процентот на признавање на загубите на струја на ЕВН. Измени во сегашниот Закон за енергетика бараше ЕВН, која поднесе жалба до ЕЕЗ. На Македонија и' е оставен рок од два месеца да ја приспособи енергетската регулатива со европската, во спротивно, проблемот ќе биде испратен до Енергетската комисија на ЕУ, што ќе биде лош сигнал дека властите во Македонија не ги почитуваат правилата на Унијата.




Статијата е прочитана 443 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе.
Датум: 21.07.2009 09:23:24
Некој има за цел,Македонија да ја прикажува како недорасната земја за во друштвото на ЕУ.Во такви услови најдобро цвета само криминалот.Некој има кажано дека ако не те бидува за добро и напредок сигурно си способен за лошо,за рушење на некој што направил добро.Многу ми е криво што голем дел од македонските грагани паѓат на илузионистичките и факирски способности на ова ЕПП влада.
Од: mene mk
Датум: 21.07.2009 10:44:36
маските пагаат.па нели ствре од Брисел порача декаљ се работи санмо за мали корекции и тоа несуштинскли.Какво лажење.баронот минхаузен може вода да му носи.Овој закон ке му го урне рејтингот на НГ и затоа под итно да го отстрани Ставрета од Владата.Неј ГО ПРАди во Светска Банка ,па нека лаже таму колку и кого сака,ако му врви лагата.Во најмала рака малку овде да одлежи во Затвор .

Најди! во Утрински
Економија
Протест за поддршка на работниците на „Мура“
Би-Би-Си ќе прави репортажа за Македонија и за Крушево
Од идната година, Царина ќе ги наплаќа акцизите
Не е време за приватизација на ЈАТ
Оптимизам на светските берзи
„Нисан“ отвора нови 350 работни места во Британија
Бензините поевтини за 2,5 денари а дизелот за 3
Пазарот на недвижости излегува од кризата