Број 3041  вторник, 21 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Би-Би-Си ќе прави репортажа за Македонија и за Крушево

Лондон - Телевизиска екипа на Би-Би-Си ќе престојува една недела во Македонија за да направи репортажа за земјата, за Крушево и за неговата етноманифестација, што е во тек. Репортерите на оваа најголема британска јавна медиумска компанија ќе ги снимаат градот, неговите природни убавини и туристички можности, како и културно-историските знаменитости.

Екипата ќе престојува во Крушево во деновите на манифестација „Крушево - етноград“, што беше отворена во неделата, како и непосредно пред традиционалното одбележување на годишнината од Илинденското востание на 2 август 1903 година.

Според најавите од Би-Би-Си, репортажата за Македонија и за Крушево се очекува да биде емитувана во средината на август на сателитскиот канал Би-Би-Си ворлд.

Репортажата е подготвувана заеднички меѓу Би-Би-Си и Меѓународната канцеларија за економска промоција на Македонија во Велика Британија, во Ирска и во Исланд, со седиште во Лондон. Раководителот на канцеларијата, Коста Котески, изјави дека проектот на британската медиумска компанија е убава можност за нова светска промоција на Македонија, затоа што програмата на Би-Би-Си ворлд ја гледаат над 75 милиони луѓе. (МИА)

 


Статијата е прочитана 770 пати.

Испрати коментар

Од: Roze
Датум: 21.07.2009 18:15:15
Sekoja chest za organizatorot, uchesnicite na ova manifestacija a posebno za nashiot promotor : ) Toa e vazna promocija za nashata zemja.Vi chestitam i pozz od srce !!

Најди! во Утрински
Економија
Протест за поддршка на работниците на „Мура“
Сите си ја префрлаат топката за Законот за енергетика
Од идната година, Царина ќе ги наплаќа акцизите
Не е време за приватизација на ЈАТ
Оптимизам на светските берзи
„Нисан“ отвора нови 350 работни места во Британија
Бензините поевтини за 2,5 денари а дизелот за 3
Пазарот на недвижости излегува од кризата