Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

Инфо-војна на Интернет

Напад врз оние кои се обидуваат да го замолчат „Викиликс“

ЛОНДОН - Интернет нападите започнати од поддржувачите на Викиликс покажуваат дека водењето на сајбер војна во 21 век еволуира во поаматерска и анархична работа отколку што многумина предвидуваа. Иако повеќето земји посветија многу поголемо внимание и ресурси кон сајбер безбедноста во последниве неколу години, поголемиот дел од дебатата се фокусираше на заканите од милитантните групи како Ал каеда.

Меѓутоа, обидите да се замолчи "Викиликс" откако протекоа околу 250.000 доверливи материјали од Стејт департментот, изгледа произведе нешто навистина поинакво, нешто налик на народен бунт меѓу стотици или илјадници активисти со големи познавања од оваа област. "Сега е почната првата сериозна инфо-војна", им кажа минатата недела Џон Пери Барлоу, поранешен автор на текст за "Грејтфул дет" и основач на "Електроник фронтир фаундејшн", на своите следбеници на "Твитер". "Полето за борба е 'Викиликс'. Вие сте војниците". Некои помилитантни елементи на интернет секако го земаа здраво за готово.

Една група која се нарекува "анонимни" стави цитат на горниот дел од веб страницата со наслов "Операција одмазда за Асанж", осврнувајќи се на основачот на "Викиликс", Џулијан Асанж. Онлајн колективот "анонимни" изгледа ја користи социјалната мрежа "Твитер" да ги координира нападите врз веб-сајтите кои им припаѓаат на оние кои ги сметаат дека се обидуваат да го замолчат "Викиликс". Меѓу целите се и "мастер кард", "виза" и Свис банк. Сите ги блокираа исплатите на "Викиликс" по очигледен американски притисок.

Шведските обвинители што стојат зад апсењето на Асанж во Лондон, за екстрадиција и испрашување по обвинение за сексуално насилство, исто така, се погодени. Некои поддржувачи на "Викиликс" ги сметаат овие обвиненија како политички мотивирани. Ова изгледа го изненади дури и Барлоу чијашто "декларација за независност за сајбер мрежата" се' повеќе се споделува на "Твитер" од поддржувачите на "анонимни". Тој се изјасни дека се противи на нападите за "распределено негирање на услуги" (ДДоС) чија цел е соборување на сајтови кои ги гледаат како противници на слободата на говорот. "Јас ја поддржувам слободата на изразувањето, без разлика чија е, па и' се противам на ДДоС нападите без разлика на нивната цел", изјави тој во мејлот за Ројтерс. "Тие се отровен гас на сајбер просторот... Јас се сомневам дека нападите може да продолжат додека Асанж не биде ослободен и 'Викиликс' не е под континуиран напад".

Оваа борба може да навести дека сајбер војната би можела да стане домен на мали групи кои меѓусебно се напаѓаат како државни актери. Покрај можните финансиски загуби од сајтовите што се затворени, потенцијалната штета врз угледот на компаниите е огромна. "Мастер кард" во голема мера е исмеван низ мрежата додека корисниците ги објавуваат своите сатирични слогани: "Слобода на говорот: бесценето. За се' друго тука е 'Мастер кард'". "Ова без сомнение покажува дека ја покажува моќта на врвот на прстот кај луѓето - дека постои голем ризик и ранливост на интернет", изјави Џон Волкер, од компанијата за сајбер безбедност "Безбеден бастион". "Ако организација како 'Мастер кард' со голема компјутерска моќ може да си дозволи нејзиниот сајт да биде затворен, тогаш што станува со помалите организации и обичните луѓе?"

Додека повеќето ДДоС напади користат "софтверски агенти" (роботи) за да киднапираат други компјутери за преоптоварување на веб-сајти, експерти за сајбер безбедност изјавија дека нападите во средата беа поинакви. Напаѓачите користеа сопствени компјутери, симнувајќи софтвер од "анонимни". На полпат до средата попладнето, софтверот веќе беше симнат околу 6.000 пати. "Целата оваа... епизода предизвикува ефект на лавина", вели Ноа Бар Јосеф, постар безбедносен стратег од "Имперва". "Колку поголемо внимание добива толку повеќе луѓе им се приклучуваат на доброволните софтверски агенти за да предизвикаат ДДоС".

И самиот "Викиликс" се пожали дека е цел на слични сајбер напади кратко време пред да ги објави документите минатата недела. Иако тој во голема мера го посочуваше прстот кон САД и други власти, некои велат дека тие напади можеби се спроведени од трета страна. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 533 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Тајната пештера на Викиликс во Шведска
Санадер збриша од Хрватска пред да биде уапсен
Ештон ја избегна Нобеловата церемонија
Американските милијардери се откажуваат од богатството
Саркози не разликува „Викиликс“ од „Википедија“
Северна Кореја мора да се спречи
Нападнати „Виза“ и „Мастеркард“
Затворен Панамскиот Канал
Бугарија се задолжува
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud