Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

Ештон ја избегна Нобеловата церемонија

Ги отфрли апелите да оди во Осло како знак на пркос кон кинеската дипломија

БРИСЕЛ - ЕУ-комесарот за надворешни работи, Кетрин Ештон, ги отфрли апелите од водечки европарламентарци упатени до неа денес да присуствува на церемонијата на доделување на Нобеловата награда за мир во Осло, како знак на пркос кон кинеската дипломатија.

„... ЕУ ќе биде претставена на нормален начин од шефот на делегацијата на ЕУ, кој ќе биде придружуван од сите 27 амбасадори на земјите-членки на ЕУ во Норвешка. На ова се согласија сите земји-членки и ова е нормална позиција“, изјави Дарен Енис, портпаролот на Ештон, во средата за „ЕУ обсервер“ .

Соопштението е одговор на апелите од колидерот на Групата на зелените во Европскиот парламент, францускиот европарламентарец Даниел Кон Бендит, до Ештон да покаже поддршка за победникот, кинескиот дисидент Лиу Ксијаого. „Ако Ештон каже дека сака да учествува во церемонијата за доделување на Нобеловата награда, властите во Осло нема да и го спречат влезот во земјата ниту, пак, Комитетот за Нобелова награда ќе ја остави надвор на студот. Прашање на нејзина волја да оди и да направи гест дека Европа се залага за почитувањето на човековите права и слободата на изразувањето“, рече тој во репликата на ставот на Ештон.

Норвешкиот Нобелов институт во вторникот забележа дека 44 амбасади досега се изјасниле дека ќе испратат делегати на гала-церемонијата, 19 амбасади ги одбија поканите, а две се' уште не одговориле. Деветнаесетте амбасади што ја одбија поканата се: Кина, Русија, Казахстан, Колумбија, Тунис, Саудиска Арабија, Пакистан, Србија, Ирак, Иран, Виетнам, Авганистан, Венецуела, Филипини, Египет, Судан, Украина, Куба и Мароко. Алжир и Шри Ланка се' уште не одговориле.

Европската комисија во средата соопшти дека е „многу разочарана“ што Србија, земја-апликант за ЕУ, се одлучи да се стави себеси во групата земји, како што се Куба и Иран, против заедничкиот став на ЕУ. (ЕУ обсервер)


#
Статијата е прочитана 523 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
Тајната пештера на Викиликс во Шведска
Санадер збриша од Хрватска пред да биде уапсен
Инфо-војна на Интернет
Американските милијардери се откажуваат од богатството
Саркози не разликува „Викиликс“ од „Википедија“
Северна Кореја мора да се спречи
Нападнати „Виза“ и „Мастеркард“
Затворен Панамскиот Канал
Бугарија се задолжува
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud