Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

Нападнати „Виза“ и „Мастеркард“

Њујорк - Откако хакери го нападнаа сајтот на компанијата за кредитни картички „Мастеркард“ поради нејзините чекори против „Викиликс“, сега нов хакерски напад го блокира и сајтот на компанијата за кредитни картички „Виза“, пренесоа светските агенции.

Засега „Виза“ не дава коментар за нападот. „Мастеркард“, пак, веќе соопшти дека има напредок во обидите за одблокирање на својот сајт. Двете компании ги прекинаа плаќањата за сајтот „Викиликс“, кој од крајот на ноември објавува доверливи американски дипломатски телеграми.

Во одговор на оваа одлука, „Викиликс“ директно ги нападна двете компании, објавувајќи документ што ги посочи и што ги илустрира нивните врски со американските власти, пренесоа агенциите.

Станува збор за телеграма од 1 февруари на амбасадата на САД во Москва. Во неа се изразува вознемиреност од рускиот предлог-закон за обработка на банкарски податоци. Во телеграмата амбасадата на САД во Москва посочува дека „Виза“ и „Мастеркард“ можат да бидат исклучени од рускиот пазар, што обезбедува нарачки за четири милијарди долари годишно.

Истовремено, хакерска група што се нарекува „Анонимните“, во онлајн-дебата со новинарите на француските медиуми, предупредува дека ќе преземе хакерски напади врз секој што дејствува против „Викиликс“ и неговиот создавач, „маченикот“ Џулијан Асанџ.

Групата веќе брои 4.000 доброволци.


#
Статијата е прочитана 701 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Тајната пештера на Викиликс во Шведска
Санадер збриша од Хрватска пред да биде уапсен
Ештон ја избегна Нобеловата церемонија
Инфо-војна на Интернет
Американските милијардери се откажуваат од богатството
Саркози не разликува „Викиликс“ од „Википедија“
Северна Кореја мора да се спречи
Затворен Панамскиот Канал
Бугарија се задолжува
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud