Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

Бугарија се задолжува

Веселин Желев
Дописничко биро на ВАЦ


БРИСЕЛ - Бугарскиот парламент и' дозволи на владата да издвои до 2,35 милијарди бугарски лева (1,2 милијарди евра) во државен долг следната година за да го покрие проектираниот буџетски дефицит со иста големина. Ова ќе биде прво меѓународно задолжување по деценија од немилосрдни намалувања на јавниот долг и се очекува незначително да го влоши односот на бугарскиот долг/БДП. Односот сега е 14,9 проценти, втор најнизок во ЕУ по оној на Естонија, но би можел да се зголеми до над 20 проценти следната година, според најновите прогнози на Европската комисија.

Долгот на Бугарија го надмина нејзиниот БДП во 90-тите години, но беше драстично намален откако земјата го претстави монетарниот одбор во 1997 година. Најголемите намалувања на долгот беа направени од властите по 2001 година. Сегашната влада, предводена од премиерот Бојко Борисов, е прва по една деценија што се врати на меѓународниот пазар на обврзници откако економскиот пад ја влоши нејзината финансиска ситуација и секнаа странските инвестиции.

Опозицијата во неколку наврати го обвинуваше Борисов за „убивање на економијата“ со наметнување политики на штедење, додека остатокот од Европа аплицираше за антирецесивен фискален стимул кон крајот на 2009 и во почетокот на 2010 година.


#
Статијата е прочитана 982 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Тајната пештера на Викиликс во Шведска
Санадер збриша од Хрватска пред да биде уапсен
Ештон ја избегна Нобеловата церемонија
Инфо-војна на Интернет
Американските милијардери се откажуваат од богатството
Саркози не разликува „Викиликс“ од „Википедија“
Северна Кореја мора да се спречи
Нападнати „Виза“ и „Мастеркард“
Затворен Панамскиот Канал
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud