Затворен Панамскиот Канал
Сообраќајот низ Панамскиот Канал, кој ги поврзува Пацифичкиот и Атлантскиот Океан, привремено е во прекин поради поројните дождови. Дождовите го издигнале нивото на водата во езерата што се дел од каналот на рекордни висини, со што потенцијално се загрозува бродскиот сообраќај. Ова е прв пат каналот да биде затворен од американската инвазија врз Панама во 1989 година. (Би-Би-Си) |