Тајната пештера на Викиликс во Шведска
Џулијан Асанж направи се' што може да олицетвори негативец од серијалот за Џејмс Бонд
Со неговиот ексцентричен приватен живот и превез на мистерија, екстравангантниот основач на "Викиликс", Џулијан Асанж изгледа прави се' што може да олицетвори негативец од серијалот за агентот Џејмс Бонд. Колку соодветно тогаш е тоа што тој избра нешто што наликува на сет од филмот за агентот 007 како помошна просторија за илјадниците електронски пораки и документи што го потресоа светот.
Во големата пештера ископана во гранитот под паркот Вита Берг во Стокхолм се наоѓаат десетици компјутерски сервери што се користат како магацин од страна на голем број компании. Комплетно со "флуктуирачка" просторија за конференции, висечки стаклени ходници, тавани од кои се гледа месечината, дизајнерски мебел, па дури и необични мотори од германски У-бродови како помошни генератори, на сево ова му недостасува само побелениот Асанж кој удира бела мачка.
Напуштениот бункер беше повторно отворен во 2008 година со својот футуристички дизајн на шведските архитекти "Алберт Франс Ланорт", кои биле инспирирани од серијалот за Бонд, креиран од сер Кенет Адамс. Бруталниот дизајн е омекнат од растенија кои се одржуваат во живот со помош на брилијантно соларно осветлување и вештачки водопади.
Додека беше во бегство од шведските и американските власти, Асанж мораше да ја користи оваа безбедна база за своите фајлови. "Амазон" му обезбеди интернет простор на "Викиликс", меѓутоа, беше одалечен од сопствениот вебсајт по интензивниот притисок од американските политичари. Асанж потоа користеше француска компанија пред да биде протеран и од таму. Како резултат на тоа, "Викиликс" воведе многубројни "домеин имиња" во десетици земји, секое поврзано со она кое ги има копиите од оригиналните досиеја.
Асанж се сврте кон Шведска бидејќи законите во оваа земја се едни од најдобрите во светот за заштита на работата на оние кои се борат за слобода на говорот. Според шведскиот закон "Викиликс" не може да биде судски гонет ниту, пак, може да бидат луѓето кои му доставуваат информации.
"Викиликс" е основан од комбинација на јавни донатори, помош од богатите патрони на Асанж и добар дел од самиот Асанж. Меѓутоа, трошоците за овој склад ќе бидат многу мали бидејќи иако тимот на Асанж објави неколку милиони документи, во смисла на податоци тоа е мала количина. Се' што "Викиликс" поседува може да биде складирано во еден поголем УСБ.
Како и да е, давањето доверба за ова задача - за која кој било негативец на Бонд кој има самопочит би бил горд - мора сигурно да оди во прилог на огромното его на Џулијан Асанж. (Меил онлајн)
|