Саркози не разликува „Викиликс“ од „Википедија“
Париз - На состанок одржан кон крајот на ноември францускиот претседател Никола Саркози направи „индикативен“ лапсус, пишува францускиот неделник „Окован патор“.
Претседателот, место да го осуди „Викиликс“, зборуваше за неодговорното однесување на „Википедија“, наведува весникот.
Весникот потсетува дека „Викиликс“ е организација што веќе неколку дена открива тајни документи од американската дипломатија, а „Википедија“ е бесплатна онлајн-енциклопедија.
Информацијата што завчера ја објави на „Твитер“ еден новинар на неделникот „Нувел обсервер“ насмеа голем број корисници на оваа социјална Интернет-мрежа, кои не се двоумеа да се насмеат на сметка на својот претседател. (МИА) |