Северна Кореја мора да се спречи
ТОКИО - Висок официјален претставник на американската војска, адмирал Мајк Мален, изјави дека опасноста од Северна Кореја се зголемува и мора да се спречи. Мален, началник на Генералштабот на здружените сили, изјави за новинарите во Токио дека САД сакаат одржливи воени врски со Кина, место повремени контакти. Тој рече дека водите во Жолто Море се слободни води. (Ројтерс)
|