Фершпед Работнички сам на врвот
Фершпед Работнички не ја повтори супериорноста од полуфиналето на БИБЛ-лигата, но повторно извојуваа убедлива победа против Фени индустри со. Конечните плус 13 за „шпедитерите“ беа реална слика на се' она што се случуваше на теренот. Гостите се заканија само при крајот на третата четвртина, но тоа беше се' што успеаја да направат. Кошаркарите ма Марин Докузовски победата ја обезбедија со серија од 8-1 направена на почетокот на последната четвртина, со што негативата од еден поен (51-52) ја претворија во предност од шест поени, разлика која перманентно ја зголемуваа до крајот на натпреварот. „Шпедитерите“ во новата победа против Фени индустри ги предводеше репрезентативецот Диме Тасовски кој оствари дабл-дабл скор, 20 коша и 12 скока, а одличен беше и Турчинот Бора Пачун со 16 поени. Кај гостите најефикасен беше резервистот Слободан Михајловски со 16 коша.
Резултати 5. коло: Работнички Ф. - Фени Индустри 75:62, Пелистер - МЗТ Скопје 89:76, Овче Поле - Амак СП 90:83. Табела: Работнички Ф. 40, Фени И. 39, Амак Сп 34, Пелистер 33, МЗТ Скопје 30, Овче Поле 28. |