Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Металург со реални шанси за полуфинале во КПК

На полувремето во Цирих „металурзите“ губеа со 16:10, за на крајот Амичитија да слави со 31:29

Миодраг Мицковиќ

Ракометарите на Металург, по првите 30 минути од првата четвртфинална средба за Купот на победниците на националните купови во мечот со швајцарскиот претставник Амичитија од Цирих беа на работ на катастрофа, домаќините водеа со 16:10 користејќи ги сите грешки на македонскиот шампион кој речиси не можеше да се препознае. Ништо не им поаѓаше од рака на играчите на Металург, им испаѓаше топката, играа очајно слабо во одбраната, со еден збор делуваа како раштимуван оркестар.

Практично како играше Металург во тој прв дел од натпреварот најдобро говорат зборовите на потпретседателот на клубот, Филип Христовски, по враќањето од Цирих.

„Не паметам дека Металург некогаш играл толку слабо како во првото полувреме на средбата во Цирих со Амичитија. Ги гледав играчите како се мачат на паркетот, како првпат да играат заедно. Да бидам искрен, се исплашив од катастрофа, мислев дека е се' готово, но, за среќа, се' се смени во вториот дел“, вели Христовски. „И кога веќе сите не' прежалија, и околу 800 наши гледачи кои дојдоа од цела Швајцарија да ни помогнат, се случи неочекуван пресврт. Во второто полувреме на теренот како да играше некоја друга екипа, некој друг Металург. Големата предност на Амичитија почна да се топи, Металург ја играше својата игра, му требаа триесетина минути да се соземе, беше јасно дека на екипата и' недостигаат потешки натпревари. За наша среќа, тој шок траеше само едно полувреме. Потоа сликата на паркетот се измени. И наместо катастрофа, од која почнавме да страхуваме, извлековме одличен резултат, два гола негатива кои ни даваат реални шанси да се пласираме во полуфиналето, меѓу четирите најдобри екипи во Европа во ова престижно натпреварување“.

Со заздравениот Шмигиќ, Металург има големи шанси да го совлада во реваншот швајцарскиот претставник со повеќе од гол разлика, дури и два гола можат да бидат доволни со оглед дека Металург има постигнато 29 голови во гости, што е одличен просек, и сигурно нема да дозволат неговиот противник во сабота во Скопје да постигне повеќе.

Во Металург не сакаа многу да го коментират судењето на португалската двојка Катадор и Николау, веќе се свикнати на судиски неправди што ги почувствуваа на својата кожа во годинашниве натпревари во европските купови.

„Како почнавме, одлично завршивме“, ни рече претседателот на клубот, Ристо Чокрев. „Во името на сите играчи и на раководството ги повикувам сите љубители на ракометот во Скопје да дојдат в сабота во салата ’Борис Трајковски‘ да ни помогнат да победиме во реваншот и заедно да се радуваме на уште еден успех на македонскиот ракомет“.

Амичитија - Металург 31:29



Полувреме: 16:10. Сала: „Салхален“ во Цирих. Гледачи: 1.300. Судии: Касадор и Николау од Португалија. Седмерци: Амичитија 1/1, Металург 5/6. Исклучувања: Амичитија 8 мин., Металург 14 мин. Црвен картон: С. Стоилов (3х2 мин.).

Амичитија: Васкевичиус (11), Бринголф (1+1), Фербер, Фелман, Локе 7, Хес 4, Шмид 5, Башиќ 8, Вукелиќ, Бури, Хисер, Страновски 3, Свајлен 1, Берендс 3. Тренер: Роби Костадиновиќ.

Металург: Ристовски (8), Брестовац (4), Живковиќ 3, С. Стоилов 2, Лазаров 6 (2), Миркуловски 5, Ивановиќ, Недановски 1, Ѓоргоноски 1, М. Стоилов 1, Стојановиќ 5, Маљцев 4 (3), Чантурија 1, Јовиќ. Тренер: Звонко Шундовски.


Статијата е прочитана 176 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Спорт
Седлоски- Знаеме да ја задржиме топката и да нападнеме
Се урна ѕид од трибина на стадион во Абиџан, најмалку 22 загинати
Лазаров немаше свој ден против Кил
Златните раце на Рос Браун
Русевски без трофејот во двојки во Египет
ЕХФ и' го одзеде на Македонија ЕП за кадетки!
И Металург во истрагата на ЕХФ!
Фершпед Работнички сам на врвот