Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Русевски без трофејот во двојки во Египет

Предраг Русевски остана без трофејот во двојки на тенискиот фјучерс во египетскиот град 6 октомври, со награден фонд од 10.000 американски долари. Тој и неговиот партнер Мохамед Мамун од Египет беа втори носители, но во финалето загубија во тај-брејк со 6-4, 4-6, 13-11 од Мароканците Мунир ел Ареј и Талал Уахаби.

Првиот македонски рекет, кој е 813. на АТП-листата, и неделава продолжува во Египет, и тоа на фјучерсот во Суец, кој се игра на земјена подлога и е со фонд од 10.000 долари. На главниот турнир можно е да му се придружи репрезентативниот колега Димитар Грабулоски (1016.), кој во вчерашниот решавачки квалификациски дуел требаше да се сретне со Словенецот Алјаж Бедене (1365.). Грабулоски, кој е осми носител, досега ги совлада Адам Кос од Чешка со 6-1, 6-0 и Јенс Хендрикс од Белгија со 3-6, 6-1, 6-2.

Илија Мартиноски (843.), Шендрит Деари (1724.), Томислав Јотовски и Васко Здравкин не успеаја во квалификациите за фјучерсот од 10.000 долари во Анталија. Најдалеку, до третото од четирите квалификациски кола, стигна третиот носител Мартиноски, кој загуби со 6-1, 7-5 од Лауринас Григелис (1527.) од Литванија. (Р.Д.)


Статијата е прочитана 83 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Седлоски- Знаеме да ја задржиме топката и да нападнеме
Се урна ѕид од трибина на стадион во Абиџан, најмалку 22 загинати
Металург со реални шанси за полуфинале во КПК
Лазаров немаше свој ден против Кил
Златните раце на Рос Браун
ЕХФ и' го одзеде на Македонија ЕП за кадетки!
И Металург во истрагата на ЕХФ!
Фершпед Работнички сам на врвот