Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Седлоски: Знаеме да ја задржиме топката и да нападнеме

Македонија денеска се сели во Амстердам каде што утре (20,45 ч.) ќе и' гостува на фаворизираната Холандија

Сашко Ѓ. Димовски

Македонската фудбалска репрезентација го заврши престојот во базата Сустдајнен, крај Утрехт, и денеска се сели во Амстердам каде утревечер (20.45 ч.) на арената на Ајакс ќе и' гостува на фаворизираната Холандија во четвртиот меч во квалификациите за Светското фудбалско првенство во Јужна Африка во 2010 година. Сите 23 играчи под команда на селекторот Среќко Катанец се здрави, мотивирани, расположени за игра и надигрување, испорачуваат оптимизам и се надеваат дека филингот на еден од најубавите стадиони во Европа ќе биде зачинет и со добар резултат против „лалињата“. Гаранција повеќе за тоа се и квалитетните подготовки во изминатите шест дена.

„Не сакам да потсетувам за каков противник се работи. Нивната сила и квалитет го почувствуваа Шкотланѓаните. Сите до еден се играчи од светска класа. Но, тоа не треба да не оптоварува. Најважно е да се концентрираме на нашата игра бидејќи на теренот се однесуваме доста поразлично од Шкотска. Знаеме да ја задржиме топката и да нападнеме. Оптимист сум. Утрешниот меч ќе биде трет во мојата кариера во Амстердам. Со репрезентацијата одигравме 0:0, со Динамо Загреб имам победа над Ајакс со 1:0 и посакувам, таа традиција да продолжи“, вели еден од најискусните во нашиот национален тим, капитенот, Гоце Седлоски.

„Не смееме да се оптоваруваме со резултатот. Треба да се фокусираме на играта, да се однесуваме мирно, да не му дозволиме на противникот да наметне ритам, да практикуваме многу додавања и особено да внимаваме на Арјен Робен кој за Шкотланѓаните беше незапирлив. Во трите досегапни средби со Холанѓаните игравме солидно, а таквиот тренд мислам дека ��е го продолжиме и овојпат“, дополни Седлоски.

Завршија поштедите за Ванчо Трајанов и Роберт Петров. Повредата на Трајанов (расекотина на главата) е санирана, надминат е проблемот и со истегнатиот мускул во пределот на натколеницата на Петров и тие двајца се вратија на тренинзите.

Покрај здравствениот билтен, на наша страна се и временските услови, но и голема група македонски иселеници во Холандија. На вчерашниот попладневен тренинг присуствуваа неколку десетици Македонци од околината на Утрехт кои на нашите репрезентативци им порачаа дека ќе бидат со нив и за време на натпреварот. Според информациите, на трибините на „Амстердам арена“ утревечер ќе има околу 1.500 фанови на македонската фудбалска репрезентација.

За денеска селекторот на Македонија, Среќко Катанец, најави прес-конференција во Амстердам, а вечерва нашите фудбалери ќе го одработат и последниот тренинг пред дуелот со Холандија, прв и единствен на теренот на „Амстердам арена“ во време на одигрување на мечот.

Холандија без повредениот Хејтинга против Македонија

Дефанзивецот на холандската фудбалска репрезентација и шпански Атлетико Мадрид, Џони Хејтинга, ќе го пропушти утрешниот меч против Македонија поради повреда, пренесува холандски „Спортверелд“.

„Телефонски контактиравме со Џони. Од него побарав да ми се јави ако се чувствува подобро, но тој не го стори тоа“, изјави селекторот на Холандија, Берт ван Марвијк.

Хејтинга беше успешно заменет во националниот тим на Холандија во мечот против Шкотска во саботата од Грегори ван дер Вил. Тој се повреди во мечот на Атлетико Мадрид против Мајорка во шпанската Примера, откако доби удар во главата, падна во бессознание, и веднаш беше изнесен од теренот.


Статијата е прочитана 391 пати.

Испрати коментар

Од: Перо од Ракотинци
Датум: 31.03.2009 10:32:29
Перо од Ракотинци, како што гледате драги читатели се разбира и во фудбал. Со холанѓаните треба да се игра офанзивно и на изненадување односно иградта да се постави онака како што беше поставена со Англија во Саутемптон. Имено, формацијата 4-5-1 со брзи играчи во средината на теренот кои брзо ќе ја отвараат но и затвараат играта на противникот, значи брз контранапад, што повеќе шутеви од дистанца, особено тоа треба да го прават Шумуликовски, Трајанов и Положани од втор план. Победата е загарантирана Ви тврди Перо од Ракотинци.

Најди! во Утрински
Спорт
Се урна ѕид од трибина на стадион во Абиџан, најмалку 22 загинати
Металург со реални шанси за полуфинале во КПК
Лазаров немаше свој ден против Кил
Златните раце на Рос Браун
Русевски без трофејот во двојки во Египет
ЕХФ и' го одзеде на Македонија ЕП за кадетки!
И Металург во истрагата на ЕХФ!
Фершпед Работнички сам на врвот