Број 3393  вторник, 28 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Рајмон Доменек го посетил Заводот за вработување

Бившиот француски селектор 57 годишниот Рајмон Доменек замина на берзата на работа, сензационално јави париската радио станица Европа 1.

Неверојатната вест на новинарите им ја даде еден невработен Французин, кој познатото лице го виде на невообучаеното место минатиот четврток околу 15 часот.

“Го видов Доменек на шалтерот. Бараше прием кај референтот. Потоа го препратија, веројатно поради дискреција, во аголот“, кажа очевидецот.

Според, француските закони, како невработен маж во зрели години, неуспешниот селектор има право на 36 месечна пријава во завод. Со оглед на претходната плата во Француската фудбалска федерација, секој месец ќе добива нето износ од 5.600 евра. Како селектор заработуваше 12.000 евра месечно, ама примаше 14 плати годишно.

Милош Красиќ нов миленик на навиваЧите на Јуве
Репрезентативецот на Србија Милош Крсаиќ (25) по играта против Калјари веројатно ќе стане нов миленик на навивачите на Јуве. Во втората победа сезонава за црно-белите (4:2) Красиќ брилјираше. Постигна три од четирите гола. Првиот пат ја начна мрежата на гостите од 20 метри, натрчувајќи на одбиена топка во 13 минута. Во 34. минута одлично реагираше на уфрлената топка на втората статива (за 2:1), а во 70 минута ја прими топката на 25 метри, со едноставе�� дриблинг од рамнотежа исфрли двајца противнички играчи и заби за високи 4:1.

Резултати од 5.коло: Чезена - Наполи 1:4, Палермо - Лече 2:2, Фиорентина - Парма 2:0, Киево - Лацио 0:1, Сампдорија - Удинезе 0:0, Бари - Бреша 2:1, Катанија - Болоња 1:1, Јувентус - Калјари 4:2.

Табела: Интер 10, Лацио 10, Киево 9, Бреша 9, Милан 8, Наполи 8, Катанија 8, Бари 8, Јувентус 7, Чезена 7...

Нова глупост на прочуениот голман од Мароко
Голманот на Рабат, Калид Аскри, стекна огромна популарност на интернет по сега веќе прочуеното славење со навивачите на, наводно, „фатениот“ пенал, иако топката влезе во мрежата. За новото хорор издание на Мароканецот му беа потребни само две недели.

Иако, соиграчот му ја врати топката 29 годишниот голман се збуни и не сакаше да ја фати со раце, туку смирено сакаше да ја продолжи до најблискиот дефанзивец. Сепак, Ал Аруи му ја зеде топката и му даде гол. Аскри по новата брука реши самиот да си пресуди, така што ќе го соблече дресот и ќе отрча во соблекувалната без да каже збор. Збунетите играчи му викаа да остане, но овој не сакаше да ги слушне нивните совети.


#
Статијата е прочитана 860 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Шахистите врзаа две победи на Олимпијадата
Канадска сензација на одбојкарскиот мундијал во Италија
Партизан ќе ги издржи „топовските“ удари
Меси се враќа против Казан
Алонсо ја разгоре битката за титулата
Севилја го смени тренерот
Кога кралот ќе стане кралица
Ветеранката Крум ја шокира Шарапова






Bulgarians proud to see one of their own as president of Brazil
Sports and aid part of first regatta around Africa
Elections in Bosnia promise little change