Партизан ќе ги издржи „топовските“ удари

Вечерва во Белград во групата Х од ЛШ гостува едно од најреномираните фудбалски имиња - Арсенал
Навивачите на Партизан долго чекаа и конечно дочекаа. Вечерва во Белград гостува гигантот Арсенал во рамките на второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони.
Арсенал по трофеите не е на рангот на Реал, Барселона, Интер, но секако е магнет за публиката и е еден од најсилните тимови што воопшто гостувале во Србија.
„Конечно дојде и тој ден. Вре��е е ние играчите да уживаме, но исто така и оние на трибините и покрај малите екрани“, изјави играчот од средниот ред на Партизан Радосав Петровиќ.
Арсенал доаѓа во престолнината на Србија ослабен поради отсуството на повредените Фабрегас, Ван Перси, Волкот, Вермален...Но, кој и да биде на терен нема да биде нималку лесно.
Тренерот Александар Станоевиќ вели дека Арсенал не е истиот со и без Фабрегас. „Не велам дека е послаб или подобар, туку поинаков. Кога е на терен Фабрегас сите топки одат кај него, па тој натаму ги дистрибуира. Кој би можел да го замени? Да речеме, Росицки. Но, на нив навистина им е сеедно дали игра Вилшир, Насри или некој трет. Венгер има одреден систем на ротација и повредите му го нарушуваат системот. Во игра става многу млади играчи, како 19 годишниот стрелец против Тотенхем во Ф.А купот Хенри Лензбури, за кого допрва ќе се слуша“, вели Станоевиќ.
На иста бранова должина е и играчот од средниот ред Петровиќ: „Англичаните имаат преку 50 меча во сезоната, 22 подеднакво квалитетни играчи и не може да бараме некој послаб или посилен. Аршавин, Шамак, Насри, Сања, Росицки...тоа се врвни фудбалери. Секако, постојат места каде ќе ја бараме својата шанса, но да не ги откриваме сега тајните“, се насмеа Петровиќ.
Инаку, на голот на Арсенал нема да биде Алмунија, како што вели, Арсен Венгер, поради повреда, а ќе брани Фабијански. Во последно време Алмунија беше жестоко критикуван за слабите настапи, но од клубот тврдат дека проблем е лакотот.
Кај Партизан здравствената слика е далеку подобра. Сити оптимистички гледаат на натпреварот, а најголем оптимист е бразилскиот напаѓач Клео:
„Доколку загубиме од Арсенал, сите ќе кажат дека тоа е нормално. Но, за нас играчите тоа не е. За нас тоа е меч на животот, многу битен за клубот, мотивацијата е максимална. Ние не смее да загубиме, во фудбалот и животот не смее така да размилувате“, вели Клео, кој пред неколку дена доби српски пасош. Клео чувствува мала болка во коленото, но вели, дека ќе издржи. „Не е страшно. Мора да играм. На трибините ќе бидат и моите родители, а исто така и син ми. Поголема мотивација од тоа нема. Само победа ме интересира, не размислувам за реми“, потенцира Клео, кој го коментираше и, наводно, ослабениот Арсенал.
„На тоа гледам од друг агол. Не смеете да подлегнете на амбиентот и важноста на натпреварот, кој и да се наоѓа на спротивната страна. В ред, го нема Фабрегас, може уште неколку фудбалери, но нивните замени се на исто ниво. Го респектирам противникот, но не сум уплашен“.
И на другата страна владее оптимизам. Венгер е разочаран од поразот против Вест Бромвич (2:3), но се надева дека тоа бил само лош ден. „Целиот тим е депресивен поради поразот од Вест Бромвич, но се надевам дека вечерва ќе биде се' како што треба“.
Во Белград пристигнаа околу 1.00 навивачи на Арсенал, а министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ, инаку партизановец, се надева дека тие ќе се однесуваат како во Англија.
Српските медиуми потенцираат дека ова е шанса да се покаже пред светот убавото лице на Србија и можност да се избришат грдите траги од блиското минато, алудирајќи на убиството на навивачот на Тулуз Крис Татон.
Група Е
Базел - Баерн
Рома - Клуж
Табела: Баерн 3, Клуж 3, Базел 0, Рома 0
Група Ф
Спартак Москва - Жилина
Челзи - Марсеј
Табела: Челзи 3, Спартак М 3, Марсеј 0, Жилина 0
Група Г
Оксер - Реал
Ајакс - Милан,
Табела: Милан 3, Реал М 3, Ајакс 0, Оксер 0
Група Х
Партизан - Арсенал
Брага - Шахтјор
Табела: Арсенал 3, Шахтјор 3, Партизан 0, Брага 0 |