Меси се враќа против Казан
Лионел Меси вчера се најде во 19-члениот тим на Барселона за патувањето во Русија, каде што поранешниот европски првак ќе му гостува на Рубин Казан во рамките на Лигата на шампионите. Медицинскиот тим на каталонскиот гигант се' уште не му даде зелено светло да игра на аргентинскиот напаѓач, но тој вчера тренираше со тимот и со соиграчите ќе лета за Русија, соопшти клубот на својата Интернет-страница.
Фудбалерот на годината во светот ги пропушти двата првенствени натпревара на Барса по повредата на глуждот на гостувањето во Мадрид кај Атлетикот пред една недела. За тој старт противничкиот фудбалер Томас Ујфалуши доби црвен картон, но и принуден одмор од само две средби.
Францускиот дефанзивец Ерик Абидал, исто така, се врати во екипата по неколкудневно отсуство поради лични причини, но Адријано Кореја поради повредата на слабините.
Минатогодишниот полуфиналист во ЛШ-мечот од групата Д со Рубин Казан ќе го одигра утре. |