Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Тошак со амбициозна агенда во Македонија

На Велшанецот на македонската клупа, најверојатно, ќе му помага и синот Камерон

Миодраг Мицковиќ

Велшанецот Џон Тошак, најпознато тренерско име што ќе работи во Македонија, ќе дебитира на клупата на нашата репрезентација на 2 септември на квалификациската средба за Европското првенство против Русија во Москва, а веднаш потоа и во Скопје пред љубителите на фудбалот во Македонија на средбата со Андора на 6 септември. По успешно завршените разговори со челниците на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Харалампие Хаџи-Ристески и генералниот секретар Игор Климпер, и донесената одлука да ја прифати понудата да биде селектор на македонската р��презентација во наредните две години, Тошак ќе пристигне во Скопје на 25 август. Тој на арената „Филип Втори“ ќе го гледа реваншот од плеј-офот за Лига Европа меѓу Работнички и Лацио и уште еднаш на лице место ќе може да види некои од кандидатите за нашата најдобра селекција што играат за „романтичарите“.

Наредниот ден новиот селектор ќе им биде претставен на новинарите и на љубителите на фудалот во нашата држава. Според планот и неговата желба, тој сака да присуствува в сабота на 27 август и на еден од мечевите од Прва лига што ќе се одигра тој ден. Најверојатно, тоа ќе биде дербито од петтото коло меѓу Ренова и Шкендија во Тетово, со оглед на тоа дека и овие две екипи даваат по неколку играчи за репрезентацијата. Потоа ќе остане во Скопје, каде што ќе го објави списокот на кандидатите за двете квалификациски средби против Русија и Андора, а наредниот ден ќе почнат и подготовките, најверојатно во Охрид.

Од менаџерот Борко Круниќ дознавме дека во Стручниот штаб на македонската репрезентација, покрај Бобан Бабунски, за кој Тошак инсистира да му биде прв асистент без оглед на тоа што тој е селектор и на репрезентацијата до 21 година, ќе биде најверојатно и неговиот син Камерон. Тој е поранешен професионален играч на Кардиф Сити од Велс, има тренерска лиценца и изразил желба да дојде во Македонија и да му помага на својот татко. Најмногу како скаут ќе ги гледа средбите на нашите противници во квалификациите за Светското првенство, како и натпреварите во Прва лига на Македонија, за да му реферира на татко му се' што е поврзано со овие репрезентации и со кандидатите за нашиот најдобар состав. Според информациите од ФФМ, нема никаква пречка и синот на Тошак да биде заедно со него во Стручниот штаб.

„Навистина ми е чест што Фудбалската федерација на Македонија ме избра мене за селектор на нејзината ререзентација. Луѓето од раководството на ФФМ во нашите разговори беа конкретни, отворени и тоа ми дава надеж дека заедно можеме да постигнеме успех со репрезентацијата“, изјави Тошак по разговорите во Барселона. „Имам погледано неколку ТВ-снимки од натпреварите на Македонија во квалификациите за ЕП. Ќе се трудам максимално да ги искористиме следните квалификации за СП, што подобро да се подготвиме за предизвикот што се вика Бразил 2014. Мој прв впечаток е дека станува збор за тешка, но доста израмнета група. Секогаш верувам во својата работа и вреди сите заеднички да се обидеме да направиме достоен успех во наредниот циклус“.

Митрески ќе игра против Азербејџан

Дефанзивецот на Нефчи, Игор Митрески, ја санира повредата и ќе биде во комбинација за утрешниот пријателски меч со Азербејџан од 17 ч. на стадионот „Далга арена“ во Баку. Стоперот на азербејџанскиот првак не беше на списокот поради повредата, но од лекарскиот тим на Нефчи доби дозвола за настап и ќе се стави на располагање на в.д. селекторот Бобан Бабунски.

Македонската селекција вчера отпатува преку Виена, каде ги собра Попов, Пандев и Димитровски, а во Баку ќе се приклучи и Славчо Георгиевски. Бабунски смета на 18 играчи. Поради повреди отпаднаа Лазевски од Партизан и Ибраими од Марибор, а поштеда доби Новески поради набиената агенда натпревари на неговиот Мајнц 05. (С.Д.)


#
Статијата е прочитана 1232 пати.

Испрати коментар

Од: sportist
Датум: 09.08.2011 08:17:07
Sakame da ja slusneme ambicioznata agenda na noviot selektor na makedonska reprezentacija Tosak !
Од: bitolcanec od canada
Датум: 09.08.2011 13:34:58
Primenuvanje na stranski zborovi kaj nas se pravi se pocesto,pojava koja go nagrduva nasiot jazik.Vo slucajot so zborot 'agenda'.Vo prevod znaci 'dneven red'.Koga ke se rece 'ambiciozna agenda' prevedeno 'ambiciozen dneven red' zvuci smesno neli! Mnogu podobro i posodvetno e da se reci 'ambiciozna programa' ili 'ambiciozen plan'.Ovaa pojava e dosta rasirena i ke prodolzi da se siri.Zalosno.

Најди! во Утрински
Спорт
Ново лице на кошаркарите против Србија
Легенда и како играч и како тренер
Европскиот хит Работнички против обновениот Вардар
Пресврт против Сити - прв трофеј за Јунајтед
Охридски маратон во полн сјај за јубилејот
Алонсо
Штепанек го освои Вашингтон

"""