Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Ново лице на кошаркарите против Србија

Репрезентативците против северниот сосед го загубија и вториот меч на турнирот „Екс Ју“, но беа многу подобри од дуелот со БиХ

Наум Котевски

Македонските кошаркари го загубија и вториот меч на турнирот „Екс ЈУ“ во Љубљана. Но, поразот од Србија од 73:81 за разлика од оној во саботата против БиХ (50:55) не го извадија од такт селекторот Марин Докузовски и овдешната јавност која прв пат во овој подготвителен период за настап на евробаскетот во Литванија е во ситуација да ги види преку МТВ најдобрите наши кошаркари. Причината е подобрата игра.

Ова го велиме само затоа што станува збор за период на темпирање на формата во кој и од поразот можеш да извлечеш некаква поука. За такво нешто на евробаскетот ќе нема време. Во крајна линија пораз си е пораз и не може да биде ништо друго. Без разлика дали си играл добро две или три четвртини и тоа против една Србија.

Индивидуално гледано речиси сите кошаркари одиграа на повисоко ниво. Особено тоа важи за центарската линија Антиќ - Николовски - Самарџиски.

Инаку, стартот навестуваше кошмарна вечер. Србија со серија од 12:0 дојде до 21:9, и никој не очекуваше дека во втората четвртина ќе вратиме со 29:18 и на полувреме ќе заминеме со кош предност. Во тој период ни тргна шутот за три. Погодуваа Антиќ, Илиевски, Соколов, а во тој елемент брилираше центарот Кирил Николовски, кој успеа мудро да го извлече надвор од рекетот џинот од 220 см, Марјановиќ.

Николовски погоди три од вкупно деветте тројки на нашиот тим (од 14 обиди). Во овој период мора да се потенцира и креативната игра на Илиевски кој оствари седум асистенции. До крајот остана со таа бројка, но тоа му беше доволно да биде најдобар асистент на мечот заедно со Теодосиќ. За завчерашната наша шутерска моќ зборуваше и селекторот на Србија, легендарниот Душан Ивковиќ.

„Ова беше нашиот прв меч. Знаевме дека Македонија игра со еден класичен центар, дека доста ја шири играта и дека сите можат да погодат за три. Престанавме да играме агресивна одбрана и на противникот му дозволивме да влезе во серија шутеви и да ни уфрли 29 коша во втората четвртина. Сепак, во продолжението успеавме со доста напор да победиме. Од овој меч треба многу да научиме“, вели Дуда.

И во вториот дел интелигентно париравме, а во еден момент дури и водевме со 54:48. За одржувањето на таквиот баланс огромна заслуга има и Дарко Соколов, кој одигра маестрален натпревар и на крајот беше нашиот најефикасен играч со 18 коша. Клучниот момент се случи на 4,5 минути пред крајот, кога Самарџиски ја доби петта лична грешка, по која следеше и техничка за клупата. Пред тоа играта ја напушти и Николовски, па бевме дефицитарни под кошот. Триот Крстиќ - Теодосиќ - Перовиќ знаеше да го искористи тоа.

И на овој натпревар не настапи Бо Лестер Мекејлеб. Случајот со натурализираниот Американец од Монтепаски, и се допаѓало тоа или не на Македонската кошаркарската федерација, е покриен со мистика. Сите изјави и од МКФ и од стручниот штаб одат во насока дека Мекејлеб не бил доволно физички подготвен па требало да се штеди. Прашањето на јавноста: па кога ќе се подготвува ако не сега, е крајно логично и оди на кантарот на шпекулациите дека постои проблем на релација МКФ - Монтепаски околу осигурувањето.

Сега како и против Србија може само да очекуваме дека Мекејлеб денеска во мечот за петтото место против Црна Гора, сепак, ќе се појави на паркетот и ќе стави крај на оваа приказна „игра неигра“.

Македонија - Србија 73:81



По четвртини: 18:29, 29:17, 15:17, 11:18. Сала: „Стожице“ во Љубљана. Гледачи: 1.000

Македонија: Мираковски 2, Илиевски 8, Соколов 18, Костоски, В.Стојановски 13, Д.Стојановски, Симоновски, Антиќ 14, Николовски 11, Чековски, Самарџиски 7. Селектор: Марин Докузовски.

Србија: Теодосиќ 14, Тепиќ 11, Рашиќ 3, Пауниќ, Марковиќ, Трипковиќ 6, Крстиќ 9, Перовиќ 11, Мачван, Савановиќ 18, Марјановиќ 7, Милосављевиќ 2. Селектор: Душан Ивковиќ.


#
Статијата е прочитана 692 пати.

Испрати коментар

Од: Така е
Датум: 09.08.2011 15:37:00
Играчите играат сами , нема помош од тие што се задолжени за тоа .

Најди! во Утрински
Спорт
Тошак со амбициозна агенда во Македонија
Легенда и како играч и како тренер
Европскиот хит Работнички против обновениот Вардар
Пресврт против Сити - прв трофеј за Јунајтед
Охридски маратон во полн сјај за јубилејот
��лонсо
Штепанек го освои Вашингтон

"""