Фудбал
Пресврт против Сити - прв трофеј за Јунајтед
Манчестер Јунајтед со фантастичен пресврт успеа да го совлада градскиот ривал Сити и да го освои трофејот „Комјунити шилд“. „Бебињата“ губеа со 0:2 (Лескот и Џеко) на полувремето, а на крајот славеа со 3:2 (Смоулинг и два Нани - решавачкиот во 94.минута). „Ова покажува кој е најдобриот им. Доминиравме во текот на целиот меч, а нашите млади играчи направија клучна разлика на теренот. Ги разбивме, конечниот резултат е заслужен. Мора и ова да го кажам: мислам дека овој пат е одржан фудбалски час. Голема победа на шампионот“, напиша Руни по мечот на Твитер.
Порто
Фалкао пред трансфер во Атлетико Мадрид
Радамел Фалкао, 25 годишнио�� напаѓач кој минатата сезона се прослави со игрите за Порто, на пат е да го смени клубот. Почетокот на летниот преоден рок навестуваше дека тој ќе замине во Челзи, но откако на „Стемфорд Бриџ“ стигна Лукаку од Андерлехт, овој Колумбиец е блиску до Атлетико Мадрид. Шпанците заработија од продажбата на Агуеро на Манчестер Сити, па за 22 милиони евра ќе се обидат да го ќарат Фалкао, кој би бил страшен тандем со Форлан.
Мадрид
Реал донесе седумгодишен талент
Реал Мадрид е познат по доведувањето скапи фудбалери. Но, најновата инвестиција се' уште не е вредна милиони, но можеби еден ден ќе биде. Станува збор за талентираното аргентинско дете Анхел Коира кој има само седум години!
Тој живее во Шпанија веќе четири години, а со тренинзите во академијата на Реал ќе почне на 6 септември. Германскиот „Билд“ пишува дека првите фудбалски чекори ги научил во локалниот селски тим Моралаеја де Енмедио каде тренер бил неговиот татко. Таму просечно забивал пет гола по меч.
Академијата на Реал не е толку славна како онаа на Барселона, но и од таму излегоа ѕвезди како што се Раул, Касилјес, Ето. Младинскиот погон на Реал е поделен во 12 различни екипи од осум до 20 години, а моментно играат 250 фудбалери. Коира, чиј идол е Меси, е најмладиот талент во историјата на оваа школа. |