Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Охридски маратон во полн сјај за јубилејот

Миодраг Мицковиќ

Се вршат последните подготовки за јубилејниот 25. Охридски пливачки маратон што ќе се одржи на 14 август. Откако е обновен маратонот, прв пат е сменет терминот на неговото одржување - досега секогаш беше сабота, а овој пат трката ќе се одржи в недела. Стартот е закажан за 11 часот во Свети Наум, од каде што маратонците ќе треба да испливаат 30 километри до охридското пристаниште.

Веќе се пристигнати и првите пријави на учесниците. На патеката „Климе Савин“ ќе се појават маратонци од десет држави, од кои 14 во машка и осум во женска конкуренција. Аргентина, Бугарија, Италија, Бразил, Словенија, Холандија, Канада, Шпанија, Сирија и Македонија ќе имаат претставници на престижната трка од Гран-при серијата на ФИНА.

Своето учество во машка конкуренција го пријавија Петар Стојчев и Цветан Јорданов од Бугарија, Гилјермо Бертола од Аргентина, Јан ван дер Хулст од Холандија, Мохамед Салех од Сирија, Рок Керин од Словенија, Мауро Напа, Родолфо Валенти и Андреа Волпини од Италија, како и нашите маратонци Томи Стефановски, Евгениј Поп Ацев, Александар Илиевски, Александар Панчевски и Дејан Младеновски.

Во женска конкуренција ќе настапат Аргентинките Хеихо Пилар и Рита Ванеса Гарсија, потоа Естер Нуњез од Шпанија, Маријана Мело од Бразил, Вероника Кристи и Аурелија Коте од Канада и Италијанките Николета Симонази и Александра Ромити.

Наградниот фонд на јубилејниот Охридски маратон е 25.000 долари. Победникот во машка конкуренција ќе добие 3.000, второпласираниот 2.100, а третопласираниот 1.500 долари. Исти суми ќе ја добијат и првите три маратонки на целта. Освен тоа, предвидени се и три награди за генерален пласман: првиот ќе добие 900 долари, вториот 700 и третиот 600.

Охридскиот маратон и годинава се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Организатор е Пливачката федерација на Македонија, која има потпишан ексклузивен договор со ФИНА за организацијата и единствено таа може организацијата да ја довери на друг субјект. Засега, немаме информации дека е тоа сторено. Технички организатор на маратонот треба да биде, како и секоја година, пливачкиот клуб Охридски бранови, кој во последниве четири години доби специјални признанија од ФИНА, но се' уште не се знае дали и годинава ќе ја врши таа одговорна улога.

Главен фаворит за првото место е, кој друг, туку Бугаринот Петар Сојчев кој досега за овие 25 години, има девет пати победено, што е рекорд на трката. Меѓу кандидатите за висок пласман е и нашиот Томи Стефановски, кој на маратонот во Сен Жан во Канада го освои третото место. За жал, Македонија повторно ќе нема претставник во женска конкуренција.


#
Статијата е прочитана 352 пати.

Испрати коментар

Од: Janko od Sofija
Датум: 09.08.2011 01:59:04
Petar Stojcev veke e svetski prvak i ima zlato na 25 km ot svetskoto prvenstvo vo Sangaj

Најди! во Утрински
Спорт
Тошак со амбициозна агенда во Македонија
Ново лице на кошаркарите против Србија
Легенда и како играч и како тренер
Европскиот хит Работнички против обновениот Вардар
Пресврт против Сити - прв трофеј за Јунајтед
Алонсо
Штепанек го освои Вашингтон

"""