22.03.2012, 18:26 Мислења
Каква власт, такво судство
Ана Павловска-Данева
Новата судијка на Врховниот суди долги години ги „судеше“ предметите „Јака Табак“, „Пепел“, „Фаланга“, но не ги пресуди
Пред два дена новите судии се заколнаа дека ќе работат според словото на законот. Од сите новоизбрани судии, одлучи да дава изјава за јавноста најновата судијка на Врховниот суд. Народот за ваквите случаи вели: „Оној што ја има мувата, си ја брка од капата“.
Се прашувам, зошто една судијка на највисокиот суд во државава, кога би била почитуван правник, со беспрекорна професионална биографија, незасегната од политика, неподлегната на партиски влијанија, со исполнети етички вредности, и најважно од се', со целосна поддршка од стручната јавност и од судската „фела“, би се осврнувала на „несоодветните зборови“ како што самата вели на „непрофесионалци со лоши намери?“
Од над 700 судии во земјава, да бидеш една од десетте јавно оспорувани и критикувани, нели е сепак загрижувачки? Нели е малку симптоматично, професионалните или непрофесионалните критичари да упатуваат т.н. „несоодветни зборови“ само за две судијки од околу дваесет новоизбрани судии? Во врска со ваквата тажна вистина, на најновата судијка на Врховниот суд би и' препорачала самата себеси да се прашува, секое утро, секој нов ден: „Зошто токму јас?“, се' додека не ја разреши дилемата.
Во својата изјава, унапредената судијка ни порача дека на сите нас, кои сме се сомневале во нејзината професионалност и неискомпромитираност, ќе ни простела. Тоа било христијански!?
Прво, никој од нас не бара нејзина прошка, туку правда! Второ, да бидеш професионален, стручен и независен, потребно е многу повеќе од тоа да си религиозен! Трето, судницата не е црква! Четврто, правото, не е религија! Петто, што со атеистите, муслиманите и останатите нехристијани кога ќе им суди?
Околу професионализмот: нашата нова судијка на Врховниот суди долги години судела, но не пресудувала. Така, со години, судијката ги „судеше“ предметите „Јака Табак“, „Пепел“, „Фаланга“, но не ги пресуди! Таман ќе дојде време за изрекување пресуда, таа отвараше ��ов претрес и така се' од почеток, со години, додека не беше избрана за претседателка на Основниот суд Скопје 1 и судените ама непресудени предмети им ги отстапуваше на своите колеги за да ја завршат нејзината работа. А, најголем доказ за „стручноста“ на судијката е нејзината пресуда за предметот „Армиско оружје“.
Јавноста треба да биде запознаена дека оваа пресуда ја укина Врховниот суд со следнава констатација во својата одлука: „Судот не ја утврдил фактичката состојба, освен генералиите на обвинетите“. Ете, таква пресуда донела новата судијка на највисокиот суд во земјава. Судела, судела, судела и пресудила вина без да утврди ништо друго, освен генералиите на обвинетите! Е, сега, оваа судијка што носи вакви пресуди, ќе им кажува на сите судии во државава како да работат, дали и каде грешеле, дали го почитувале законот, дали добро толкувале право!
Драги судии, странки во судските постапки, верници или неверници, сеедно, Господ нека ви е на помош!
Во новиот Закон за судии кој оваа иста власт го донесе се предвидува идните судии на Врховниот суд да имаат искуство од најмалку осум години во апелационен суд. Оваа законска одредба има одложно дејство ама меѓу огромниот број судии кои конкурираа за местото судија на Врховниот суд имаше многу кои го исполнуваат критериумот. Но, не и новоизбраната судијка. А, сепак токму таа беше избрана! Иако никогаш во апелациски суд не стапнала. Едноставно го скокна, во трчање.
И на сето тоа, наместо да молчи, да не го врти вниманието кон себе, таа за ваквите критики и за целата стручна јавност, ќе рече дека во одделот за организиран криминал при Основниот суд Скопје 1 каде што беше судија, па претседател, платите биле исти како на судиите на апелациониот суд!? Безмалку ова одделение е Апелациски суд, иако е всушност во Основен суд.
Ајде вака да логицираме: ако според платата судиите на Основниот суд Скопје 1 од Одделението за организира�� криминал треба да ги третираме како апелациони судии (ова е автентично толкување на новопечената врховна судијка), тогаш осудените од ова одделение воопшто нека не поднесуваат жалби до Апелационен суд, зашто веќе им пресудиле судии кои земаат плата иста како оние од тој суд!
Леле, какво непознавање на правото, какво незнаење на елементарни начела на функционирање на судскиот систем во својата држава. Ова е толку страшно, што иако сум христијанка, не би можела да го простам! Целава теорија на судијката ако ја продлабочиме, можеме да ја доведеме до апсурд: бидејќи Одделението за организиран криминал на Основниот суд Скопје 1 каде што таа беше претседател има и стварна и месна надлежност за целата територија на Република Македонија (тоа е исто како и Врховниот суд на РМ, иако платите им биле како на апелациони судии), тогаш најдобро би било ова одделение да добие надлежност на касационен суд и да го супституира Врховниот суд! Врховниот суд на државата нека биде надлежен според оваа сериозно поткрепена „научна“ теорија само за граѓански спорови и за кривични предмети ама не од организиран криминал. Како ви звучи, а? Човек да не знае дали да се смее или да плаче!
Драги читатели, на секој од нас некогаш може да му се случи да се најде во ситуација ваков судија да му дели правда! Драги судии, на секој од вас може да му се случи ваков судија да ви ја цени основаноста и законитоста на вашата пресуда. Мојот професор по казнено право велеше: Една погрешна затворска пресуда, не може да ја исперат сто правилни ослободителни пресуди! Така е, ама го разбрале ли сите студенти, ако воопшто ги слушале неговите предавања?
(Авторката е пратеничка и потпретседателка на СДСМ)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде моќен и влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат некои од нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на друга политичка личност или личност од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
|
Статијата е прочитана 1792 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 23.03.2012 00:23:58 | Kakva sreka, takva ironija. |
| EU, 23.03.2012 01:18:33 | Bi kazale, kakov narod, takva vlast,i, takvi sudii. Dali stanuva zbor za cuvenata trpelivost na makedonskiot narod, dali stanuva zbor za ordinaren strav od demokratskite diktatori, dali stanuva zbor za slobodno interpretiranje na etikata, kako i da e, ne vleva nadez deka vo Makedonija se praktikuva vladeenje na pravoto. |
| sudija, 23.03.2012 03:31:38 | Do EU: vo Makedonija zborot pravo odamna pripagja vo kategorijata misleni imenki. I ne stanuva zbor za nikakva trpelivost na narodot, tuku za kolektiven mazohizam. |
| Марија, 23.03.2012 06:20:13 | На ваквите „судии„ кои носат вакви пресуди како што наведувате (��Судот не ја утврдил фактичката состојба, освен генералиите на обвинетите“) местото им во архива... |
| Sudija, 23.03.2012 07:45:38 | Sekoj zbor na Profesorkata e tocen. Site vo sudstvoto znaeme kako taa stana toa sto e i kako ce stane Pretsedatel na Vrhovniot sud ova leto. Potreben e spas za sudstvoto od vakvite napasti. |
| jimmy1, 23.03.2012 08:06:06 | Bravo Ana, sve e tocno. Takvo ni e sudstvoto, takva ni e vladata, takva ni e drzavata. Ova sudijka ako ima malku sovest treba samata da se odkaze od unapreduvanjeto, zosto e unapredena po partiska osnova a ne po strucnost i sposobnost a sto e najseriozno ne ispolnuva uslovi za da zavzema vakvo mesto. Dali taa ke gi uci sudiite kako pravedno da presuduvaat koga istata nebila sposobna da presudi nitu eden slucaj, sigurno e deka nema nikakva pojma od pravoto sto go ucela so podkup. |
| Политичари политиканти, 23.03.2012 08:32:34 | А мене ме избркаа од работа директори социјалистички инжењерчиња кои СДС ги направи сопственици на фабриката. А главниот синдикалец ми рече да не судам оти губам затоа што директорите газди се поврзани со судии адвокати и сл. Е зошто си напишала ваква колумна кога сите сте за никаде односно за мојот случај твоите се виновни. |
| Nikola, 23.03.2012 08:42:54 | Narodot veli: ce mi pukne zolckata! |
| NG, 23.03.2012 08:54:31 | Да за анализата, но ништо ново. Групата е заштитена со закон, устав. Пратеници разгледајте |
| Rezzilov, 23.03.2012 09:35:31 | Каков факултет,со какви професори,такви судии! |
| Оливер, 23.03.2012 10:04:53 | Оспорувана од кој може да биде една судивка од Македонија? Од криминалците кој се затворени, од навреме нереализираните фрустрирани правници и од СДСМ, е тоа навистна е загрижувачки. Што се однесува на религијата, нормално е така да ја разбирате и понижувате зошто потекнувате од времето кога најмногу се користеше индиго и плав мантил.
Тешко на тие, АКО дојде време вие да им судите, зошто Вие и немате свое мислење тоа најстрашното(не дека немате) и `не сте во состојба сами да одлучувате, хиерархиски можете да судите само дома и во својот двор. Вие секогаш сте за правна држава, тргнувајќи од својата диплома што ја имате разбравме колку правно изддржана. Ова реалност добро ли ви звучи а? |
| Istocna Makedonija, 23.03.2012 11:19:07 | G-ga Ana, nesto vo korelacija so Vasata fela.
Dve izreki od pred recisi polovina vek na emi nenten pravnik,profesor od svetski glas od
Bgd-Radomir D.Lukic.Parafrazirano:,,Dajte
mi turban i jas lke bidat sultani,,Sekoja vlast tendira kon razubavuvanje na rabotite!Sega
Vie i Vasata politicka proviniencija za mnogu raboti ste vo pravo,osobeno koga kritikuvate razubavuvanje na nasava surova zivotna re alnost.No,NIE i pametime!Aplicirajte nesto dru
go,podobro za graganite-narodot,drzvata,
koga,pak,ke ja praktikuvate vlasta.Ne zabo-
ravajte na zborovite vo Vasive kolumni,vetu-
vanjata dadeni vo opozicija.NIE,ke Ve potse
dime!Zosto,so zborovi ne se razubavuva tes
skiot zivot,trebaat konkretni realizacii i huma-
nost.Djabe e so turbanotda stanes sultan,ako
rajata ne te saka i ne teslusa,oti nisto ne pravis za nea!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
|
| Vlast bez skrupuli, 23.03.2012 11:32:23 | A sto te cudi toa Ana. Pa sekoja avtokratska, antidemokratska i tiranska vlast se grizi da gi drzi vo svoi race trite glavni polugi za ocuvuvanje na bezgranicnata vlast: sudstvoto, policijata i Armijata.a vo ponovo vreme i mediumskata sfera. Toa bilo od pamtivek.Toa i obebeduva vladenje bez skrupuli |
| gjoko, 23.03.2012 14:44:24 | Od okolu 700 sudii kako shto velite,seushte okolu 600 se VASHI gospogo,postaveni od SDSM so dozivoten mandat.I se ushte tresete zeleni za partizirano sudstvo i shto ushte ne za sudstvoto samo zatoa shto ne ste vie na vlast.Ama narodot go znae toa i zatoa pagate kako gnili krushi i veke teshko da dojdete na vlast.I toa ne samo zaradi sudstvoto tuku i za mnogu drugi raboti . |
| deko, 23.03.2012 16:14:17 | A predhodnata vlast i sudstvo kakvi bea,koga vie bevte na vlast.Kazi mi eden primer koga e osuden nekoj golem kriminalec,politicar, itn.tuku sudevte samo bedotija,sitni ribi,toest ikri.Ne mozes da sudis za nesto za koe i ti koga si bila na vlast si bila dambeter.Sto se lutite na sudiite koga 90% se postaveni tamu kaj sto se od vas,toa se istite sudii koi bea sudii i koga vie bevte na vlast,potocno vie gi postavivte,zatoa ne prodavajte demagofija ve citaat i obrazovani luge.Za da se smeni eden rezim graden 50god.treba vreme,pari,novi sudii ne od komunizmot,i sekako ne pod vase vlijanie. |
| девичанецот, 23.03.2012 19:46:55 | Почитувана госпоѓа професорка,
Изгледа заборавивтекакво судство имавме со Туше Гошев и Софрониевска, или пак со Ѓорѓи Спасов и повторно Софрониевска.
Сепак, сегашното е подобро во споредба со тоа, треба да си признаете. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 10°C
Ведро
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 6°C
|
Недела
Локални грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 6°C
|
|
|
|
|
|