Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
22.03.2012, 17:03

Поглед

Монодрама во Тулуз

Димитар Чулев

Дури и Бин Ладен беше „среден“ пред и да сфати дека тоа му се случува... но „следбеникот“ на Ал Каеда од францускиот град Тулуз, цели три дена ја малтретираше француската и светската јавност. Еден „тер��рист“ ја повлече за нос целата државна полиција со специјалните безбедносни служби, анти терористичките и така натаму бригади „наоружани“ со опрема на која може да им позавиди и Том Круз во „Невозможна мисија“.

Никој не знае што се случувало зад полициските ленти оградени околу квартот и дали специјалците немаа солзавец, на пример, да го принудат 23 - годишникот да излезе, да се предаде или, ако веќе решил - да се самоубие. Убиецот на седум лица од кои три ученици и еден учител во локалното еврејско улчилиште, и не би имал што нормално да каже во одбрана, па и да била намерата на француските власти да го фатат жив.

Оттаму, не е јасно дали и кому му требало одолговлекување на опсадните дејанија кои на крајот се претворија во лоша монодрама во која главниот лик од час во час преку полициско воки-токи се исповедаше пред аудиториумот: Дека бил член на Ал Каеда, неќел да се самоубие но прифатил да убива, дека го правел тоа во име на палестински деца, но и заради она што Франција некогаш го правела во Алжир од каде се неговите корени. Човекот на момент заличе на норвешкиот Брејвик...

Две работи се наметнуваат за размислување: дека интеретничките односи во Франција се многу пореметени кога продуцираат вакви настани. И второ, дека инцидентот одлично „легна“ во предизборната кампања на страна на Саркози кој јавно „ги прозива“ имигрантите и оние кои не успеаја да се вклопат во мултикултурниот модел кој во Франција.


Статијата е прочитана 835 пати.

Испрати коментар



Не е ни време ни место
Лева рака, десен џеб
Каква власт, такво судство



jovan, 23.03.2012 00:30:23
Nemora solzavec. Denes ima sovremeni hemiski preparati koj vednas mozat da go uspijat. Toa jurisanje na stan vo koj ima samo eden vooruzen, bez zaloznici vnatre, e smesno.
EU, 23.03.2012 01:04:02
Bi rekle deka povece prasanja se nametnuvaat za razmisluvanje. Cel svet se potresuvase od ,nesomneno straotniot cin, no vo ist den vo Irak bea ubieni 45 luge. Izrael e zgrozen, no so postojanite zakani vrz Iran gi pravi ranlivi izraelskite gragani , kako i pocituvacite na evrejskata religija niz svetot. Da ne go spomnuvame tragicniot cin vo Avganistan, pri sto megu 16-te zrtvi imase i deca. No nikoj ne gi imenuva, svetot se zanimava za zlostornikot.
od fr., 23.03.2012 15:43:28
Da, se postavuvaat mnogu prasanja okuu nacinot kako se *samoubi, predade* il ibilo sto drugo, ovoj gaden ubiec. No, trebe da se cestita na policiskata organizacija, koja nikogas ne rece deka*ja drzat situacijata vo svoi race*ili *sé se odviva spored zakonot*, tuku priznavaa deka se nemokni pred odlucnosta na ovoj patalosko egocentricen ubiec. Od druga strana,da napomnime deka, SITE ziteli na zgradata na slucuvanjeto bila evakuirani, bidejki se smetalo deka TAA E MINIRANA kako sto umeel da se pofali ubiecot, specijalist vo eksploziv! Istorijata so gasod *zosto ne, zosto da* e drugaprikazna kako i toa sto ovoa lice i negoviot brat, i bile poznati na razuznavackata sluzba, so site podatoci za nivnoto dvizenje i stazzovite vo Avganisran.Samo, ne obelodenile, kako ne se sprecilo ovoa ubivanje koga se znaelo deka kako bezrabotni ziveele bogato;imale po dva avtomobila i isto tolku jaki i sovremeni motori. A sé ovoa,se sluci pred izborite...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 17°C, Мин: 2°C

Вторник
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |