22.03.2012, 18:28 Си велам
Лева рака, десен џеб
Ерол Ризаов
Нашата нова, најсилна идеологија е како да се преживее
К оја е препознатливата идеологија на нашите најголеми политички партии. Во што се разликуваат нашата левица и десница.
Во Македонија, со најсиромашно население во Европа, е инсталирана нова, најсилна партиска идеологија која се вика како да се преживее во екстремни услови. Десницата и левицата си ги менуваат своите седишта, па сега главната идеологија се вика работа и папо, или парче леб. Ако сакате посоодветно, да не звучи многу социјално и мизерно, македонската лева и десна опција може слободно да се нарече - лева рака, десен џеб.
Всушност, двете македонски партии кои ја добиваат редовно најголемата довербата на граѓаните во изминатите 21 година ми личат да двете грпки на една камила. Еден организам храни два израстока кои не можела да ги исправи еволуцијата ни по милиони години. Се' друго во споредба на овие две партии со камилите е непристојно, бидејќи овие пустински бродови се многу скромни. Малку јадат и со денови не пијат вода. А, многу работат и се од огромна корист на бедуините кои се хранат, облекуваат, преживуваат благодарение на камилите. Кај нас е обратно, нашите партии многу јадат, многу пијат, многу трошат, малку работат, сеат омраза и го делат народот за да владеат со него.
Еве неколку клучни докази за грпките насадени на нашиот организам. СДСМ, денешната опозиција, му префрла на ВМРО-ДПМНЕ за недостиг од патриотизам во врска со одбележување на 100-годишнината од албанското знаме. Како тоа ќе го славиме знамето на Шиптарите кои го палат македонското знаме. Типично вмровски и десничарски. ВМРО-ДПМНЕ возвраќа. Секогаш кога СДСМ е во опозиција, Македонија се задушува во дестабилизација и лоши меѓуетнички односи. Ептен левичарски и сдсмовски. Социјалдемократите во опозиција жестоко обвинуваат за предавство на националните интереси: каква е таа патриотска амнестија на Албанци воени злосторници надвор од судовите. Македонските демохристијани како левоориентирани демократи возвраќаат: мора да се донесат тешки политички одлуки кога е во прашање стабилноста на државата. Десницата грми дека меѓуетничките судири ги стимулира левицата за да ја освои власта, а левицата загрижено предупредува дека меѓуетничките огнови ги палат коалиционите партнери на власт и си играат со оган само да ја освојат власта.
Што се случува кај двете најголеми и спротивставени албански партии. Албанските социјалдемократи стационирани кај ДУИ велат дека заминале во планина, во партизани, во борба за слобода и правдини. Десницата во ДПА возвраќа дека тоа е најголемата измама за власта да се освои со крв и тероризам. Суштината на идеолошката војна меѓу албанската левица и десница се сведува на тоа што двете партии ги радикализираат и делат Албанците, обвинувајќи се меѓусебно дека ништо не направиле за својот народ. Опасно се приближуваат до ветувањето дека Македонија треба да се подели по етнички граници, верувајќи дека тоа ќе им донесе поделба на власта со македонските партии. А, ако друг им ги оствари ветувањата, не знам што ќе делат и едните и другите.
Социјалдемократите предупредуваат на сиромаштија и невработеност најголема во Евр��па. Истото тоа го правеа вмровците кога беа пред шест години во опозиција. Сега се правдаат дека ја намалиле за неколку проценти невработеноста со бришење на луѓето од евиденција кои остареле чекајќи работа. Социјалдемократите опоменуваат дека власта не презема ништо за експлозијата на цените на бензините. А власта мудрува дека високата цена на нафтените деривати нема да предизвика синџирести реакции на поскапување на другите производи и оти се работи за економски закономерности и неизбежни светски трендови. Ако ги свртите страниците на весниците од пред седум-осум години и пред 15 години, ќе ги најдете истите обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ и истите оправдувања на СДСМ. Десницата се фали дека им поделиле 250 милиони евра на земјоделците како субвенции. Левицата одговара дека парите не стасале до сиромашните земјоделци и дека ваквото делење пари без точна адреса нема врска со реформи во земјоделството, туку чист популизам што ги уништи сиромашните земјоделеци. Социјалдемократите предупредуваат на промашени приоритети и скап кич со изградба на „Скопје 2014“, а вмровците прашуваат што тие изградиле. Вмровците во вознес се во потрага по нов антички идентитет и пославно минато, а социјалдемократите прашуваат зошто се сатанизира словенското потекло на Македонците и се премолчува антифашистичката војна во Македонија на сметка на Александар Македонски Со години ги слушаме истите кавги, истите надмудрувања, истите обвинувања. Едни опоменуваат за крупни грешки, други се оправдуваат, па потоа ќе си ги променат местата и ќе си продолжат да си владеат на истиот начин.
Покрај злоупотребите на чувствителните меѓуетнички и меѓуверски односи кои навистина се опасност број еден за стабилноста на Македонија, покрај прерипнување и игнорирање на вистинските економски реформи и од двете страни, еве уште неколку примери за разликите меѓу социјалдемократите и конзервативците кога се на власт и во опозиција. Вмровците обвинуваат дека социјалдемократите и' го наденаа на Македонија грдото и срамно име ПЈРМ. А социјалдемократите возвраќаат дека најсилен адут за хашката пресуда во наша корист со која толку се гордеат вмровците беше токму тоа име, односно спречувањето на Грците да влеземе во НАТО со тоа име со кое сега бараме да станеме членка на НАТО. Вмровците обелоденија дека проблемот со името можел поволно да биде решен уште пред повеќе години, ама комуњарите не сакале да го решат. Социјалдемократите открија дека вмровците, всушност, не сакаат да влеземе ниту во НАТО, ниту во ЕУ за да владеат без контрола. Вмровците викаат на цел глас дека сите несреќи на граѓаните произлегуваат од 15-годишното владеење на СДСМ, а сите успеси се нивно дело. А поранешните комунисти тврдат дека никој не и' нанел поголеми штети на Македонија од 15-годишната вмровска власт која прерасна во диктатура.
Е па, почитувани читатели, ова набројување нема крај. Допишете ги вие тие редови. Мојот став е дека нашата лоша власт и нашата лоша опозиција лицемерно не' влечат за уши и нос сите овие години, обвинувајќи се меѓусебно за сето она што не го сработиле и едните и другите. |
|
Статијата е прочитана 3357 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 23.03.2012 00:22:42 | Korupcija, lopovluk, kriminal, se slabi zborovi za ova sto se slucuva vo drzavava. Tuka se krade i so race i so noze i so zabi, ova e nemilosrdno cerupanje na narodot, a narodot e tolku zasemeten da veke i nedava znaci na zivot. Mu ostana samo da se tesi so onaa nasa prekrasna poslovica *sekoe zlo za dobro* |
| EU, 23.03.2012 00:45:08 | Ne ne vlecat partiite za nos, sami si se vleceme. Koj od neznaenje, koj od nepismenost, koj za korka lebce sto bi rekle nekoi poranesni disidenti, koj za nacionalno penziice, koj za drzavno sluzbice, koj za fabrikce, koj za Upraven odbor, koj za dogovor za skulptura ili barokna gradba, i, tolku sme, kolku sme, se izdvojuva eden grst gragani sto mislat poinaku, no toa ne e dovolno. |
| Петар Велики, 23.03.2012 00:52:37 | Ероле, само што ја прочитав статијата, ми се врати наеднаш целиот транзициски период од 20 год. така што нашава генерација кои бевме во деведесетите на 40 год. возраст ги поминавме сите премрежија кои ни ги приредија овие две партии со нивните закони, одлуки со празни ветувања,а на крајот (отидовме сите јабана) испаднавме наивни и посиромашни. Од сето ��ва извлековме поука дека повеке овие партии не се грижат за народот во Македонија. Време е за партиите кои ке понудат нови програми со нови идеи и вистински решенија. |
| Маркос, 23.03.2012 01:10:51 | Без оспорување на она што го наведува авторот, се наметнува прашање каков избор имаат граѓаните. Тие со години се соочуваат со тиранија наречена пропорционален изборен систем, со изборни листи полни со луѓе кои не се ништо надвор од политиката - со неможност да избираат поединец! Но и поред тоа, што можат да изгубат ако на изборите, наместо на партии компромитирани со измами и клиентелизам, дадат глас на помали партии. Се подразбира: ако на нивните листи препознаваат угледни и чесни луѓе - без оглед на нивна етничка припадност, која, знаеме, не е баш никаква гаранција за нивно служење на граѓаните. Левица или десница, тоа не е дилема, туку дали партиите ги остваруваат програмите со кои се прчеле во предизборната кампања. |
| Preroden, 23.03.2012 02:06:50 | Kolektivnata svest na narodot e na mnogu nisko nivo.Nadevajki se deka nekoj ke im pomogne za da opstanat ,zosto se raboti za gola egzistencija,se pripojuvaat ,kon edna ili druga partija,pri toa zanemaruvajki se ,nitu znaat ,nitu pak gi interesira programata na partijata.Pri toa nitu edna partija nema vistinski resenija za problemite od nacionalni interesi,a toa se ,investiranje vo infrastukturata,problemite vo zdravstvoto ,obrazovanieto,balansiranjeto na bugetot i taka ....
Partiite odat vo kampanja so slogani , prerodba vo sto cekori (pri toa ne znaeme kolku e dolg eden cekor), isto e i so SDSM.Bruka ziva ,ama za ovoj narod e ocigledno dobro.I nie sme si krivi,i nikoj drug,ne kupuvaat so lizavcinja i plasticni svircinja.Epa svirete si i lizete si go .Ne e lud toj sto zema ,tuku toj sto dava ,nie dadovme mok i pssssst |
| Ljubotan Trade Name, 23.03.2012 05:47:11 | @ Jovan ! Se mu iznastraska na Makedonskiot ,,narod ,il narodot vo Makedonija,samo sto, Ti Jovane, nemase hrabrost ova Cerupanje ,da go krstis So; Ocerupana Makedonska Guska- Narodot vo Makedonija e Guska!! Ve molam bez Cenzura! Tuka sum za Polemika! |
| dedo dimo, 23.03.2012 06:32:13 | Erol , toa e starata rechenica na Komunistite Leva raka desen Djep Site Makedonci toa go znaat ,pa zatoa ne glasaat za SDSM.Pogledaj kolku godini SDSM bea na vlast ishto napravija za Makedonija i Makedonskiot narod .Komunistichka Banda. |
| Не се сите исти, 23.03.2012 07:32:04 | Залудно Ероле се обидуваш да ги изедначиш неуспесите на Црвенковски и СДС со успесите на Груевски и ВМРО. Пробај во некој текст да ставиш и некој споредбен податок, бројка или процент, па ќе ја видиш огромната разликата во постигнувањата на едните и другите. |
| Stipjanec, 23.03.2012 07:35:45 | Ti rekov - mi rece! Toa se slucuva vo ovaa nasa izmaceena zemja. Nie kradevme, ama ne do tolku, Vie preteravte. Navistina nie kradevme, AMA, narodot bese posreken i pobogat. Toa e glavnata retorika koja se odviva vo nasite partii koi ja upravuvaat Makedonija. Sega izlezot go gledaat i postojano go verglaat (kako rasipana gramofonska ploca)-vlez vo NATO i EU! Se nadevaat deka seta STETA sto ja napravija na drzavata, ke ja resi NATO i EU? NATO ke ne brani-EU ke ne hrani? Se prasuvam sto li ke im ostane na ovie t.n Drzavnici da verglaat otkako ke vlezeme vo NATO i EU? Dali ke se rodi nekoj nov Mesija kako Cile so miljardata, Branko so za sekogo vrabotuvanje, Ljubco so Solun e nas, Grujo so stotici cekori? Ke vidime, samo daj Boze drzavata da ne se raspadne od nekoj novi novokomponirani Patrioti! |
| P.Petar, 23.03.2012 07:36:52 | Ubav naslov Erole! Samo da dopolnam deka na naprednite levata raka im bese malce porazviena ,dodeka na patriotite desniot dzeb im e dupnat!Zaednicki imenitel na takva sostojba e NAROD STRADALNIK!No onoj moment koga ke se sluci teska krazba vo prodavnica za hrana i na levite i na desnite ne im se pisuva nisto dobro!! |
| Oskar, 23.03.2012 07:59:19 | Za golema zal vistinata e taa, koja od koja po crna. Mene licno naj poveke me bolat silnite i mnogubrojni podelbi megju Makedoncite, a so Albancite situacijata e dovedena do tocka na vrienje i se pootvoreno se zboruva za fizicka podelba, sto sigurno bi gi resilo site megjusobni problemi, no za zal e nevozmozno. Osiromasuvanjeto na narodot e evidentno i e na najnisko nivo od osamostijuvanjeto. Najgolemata vina za sostojbite e vo narodot, koi ne znaat da se izborat za svoite prava koj od neukost koj od sitni licni interesi. Golem pozdrav do avtorot. |
| Nikola, 23.03.2012 08:32:19 | E ne se isti! SDSM nema imot dobien preku malverzacii! DPMNE kobozem go pokloni imotot, pa sega preku sudski odluki go vraca nazad. SDSM e ednogrbata kamila koja e skromna, malku jade i pie, stedi i ne se zadolzuva, a DPMNE e nenasitna azder koja gi raspredeli parite od Telekom i OKTA po partiski i licni dzepovi, izmisli Skopje 2014 za da nekontrolirano odzema pari od gradjanite, koja ja zadolzuva sekojdnevno drzavata i so taa paricna moc moze da go kupi gladniot glasac. Erole, ne se sporeduvaat! |
| Istocna Makedonija, 23.03.2012 08:38:24 | Nasiov hendihep e sto veke 20 godini,Diogenski
se obiduvame bezuspezno da gi pronajdeme po-
malku losite,oti dobri i asalni nitu so lupa,borina
i kompas ne mozat da se pronajdat.Nitu za lek! |
| Стојко, 23.03.2012 08:40:16 | Во реалната политика изборот секогаш е меѓу лошото и полошото. Но ова што сега се случува е најлошото што до сега ја погоди Македонија. Сегашниот режим не само што ја испокраде земјата туку ги уништи сите зачетоци на демократијата во зе��јата. Затоа треба сé да се стори и да се отстрани оваа диктатура затоа што Македонија стои на работ на егзистенцијата. Ако вака продолжи Македонија ќе исчезне од политичката карта и ќе се повтори 2001та година, но овој пат уште покрваво и конечно. Сега не е време да се дискутира колку своевремено крадела клиентелата на опозицијата, сега е време да се сплотиме против сегашната диктатура и да се бориме за да преживееме. |
| milan, 23.03.2012 09:59:44 | Pocituvan Rizaov na krajot na vasata kolumna povikuvate da prodolzime. E ne se soglasuvam so stavot deka vodeckite partii se isti vo svoeto politicko delovanje.Onaa partija sto e na vlast e odgovorna za sostojbite vo drzavata.Ne moze nekogasniot rakovoditel da bide odgovoren za sostojbite sto se slucuvat deneska.Za vreme na bivsata vlast nemase tepacki,kamenuvanje avtobusi pa i vozovi i mnogu drugi problemi.Tezata deka opozicijata e podstrekac na takvite sostojbi ne drzi,pa vlasta neka gi poapsi podstrekacite.Ponovuvam ne mozat da bidat isti segasnata i bivsata vlast.Segasnive sto napravija pustos vo urbanizmot vo nekoja druga prilika.A onie bivsite (koj gi stavate vo ist kos so segasnive) napravija i el.centrala nesto avtopat i ostavija polna kasa. Da ne govorime deka togas ne strepevme za decata deka nekoj ke gi pretepa.I na kraj so seta pocit kon moite prijateli albanci ne e vo red da organizirame proslavi na tugi znaminja od sosednite drzavi,toa vo niedna drzava ne se praktikuva. |
| Narodot treba da si jazeme sudbinata vo race, 23.03.2012 11:18:22 | Erole jas ne bi dodal nistoi osven deka i ednite i drugite gi boli ...... za drzavata i narodot. Niv im e ubavo so visoki primanja dnevnbici, privilegii, plus uste clenovi na razni komisii honorari, tenderi. A ova prepukuvanje e samo zamajuvanje na narodot, pa narodot neka se vzestuva na ovie plameni govori. aneka im gladuvaat decata ,neka se pusti drzavata, a Koce neka gi vozi na onie bibliski korabi. Dobro bre svesen li e ovaj narod i dali ima i malku dostoinstvo i hrabrost i da si ja zeme sudbinata vo svoi race od ovie bezdarnici?A se znae kako se zema. Ne so pisuvanje i pcuenje po kafani i pred prodavnici ami onaka kako sto sekogas se pravele golemi presvrti. No Makedonija seuste nema iznedreno lider so harizmatska moc i cesnost da go povede narodot po vistinskiot pat. Site dosegasni se ili necesni ili so kratok zdiv. Toa e Erole i napisi ja ednas vece vistinate i nemoj da vrtis kao kisa oko Kragujevca Narodot mora da si ja zeme sudbinata oti drzavata vece ni otide na baraban. |
| Трпе, 23.03.2012 11:35:23 | Иако господинот Ризаов има одлични колумни но во ова сака да се глуми дека не држи страна.Или е со нешто заплашен или пак е платен.Забегува на десно.Левицата ја обвинуват за лошата приватизација,моделот кој бил избран но сепак претпријатијата се приватизира каде акци има и работниците.Кога дојде на власт десницата ги продаде со дисконт од 95%,речи си пошто зашто на овие на кои им одговараше и полнејки ги сопствените џепови.Десницата се нафакаше на изградба на капитални објекти,железница кон исток,автопатишта,брани.Десницата направи конфликт па 2002 година со доагање на власта мораше да поправа рушевини и да вракат избеглици.Десницата сега гради бронза,триумфални капи барок.И да дојде на власт сега левицата тешко може да ги поправи детските лудори со презадолжување и празни каси.Пак левицата ке биде непопуларна за решавање на направениот карамбол кој ке го превземе.Неможе кошевите да се споредуват. |
| Не се сите исти-Шегобиец!, 23.03.2012 12:17:37 | “...со успесите на Груевски и ВМРО“!!!!! Кажи макар еден успех,шегобиецу! |
| Prasanje do Erol, 23.03.2012 12:39:52 | Ako se site isti, zosto odrabotuvas za ednite, a protiv drugite? |
| jovan, vlada @, 23.03.2012 13:20:46 | Г-дино Ерол ео толку пристрасен во колумнава иако се труди да биде демек неутрален ама пусто срце колумњарско не му дава па тоа тие. Дрн, Дрн јариња е работава. Поздрав |
| До Милан и Трпе, 23.03.2012 13:41:38 | Еве ги загрижените социјалдемократи. Штом се појави мала критика на нивна адреса веднаш тактиката на ВМРО, да го понижат авторот, изгледа Ерол е платен. Ете тоа е демократскиот капацитет на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ. Затоа двогрбата камила на Ерол е одлична илустрација за успесите на нашите најголеми партии кои наизменично потполно исто време владеат со Македонија. Нивните успеси ги гледаме секој ден. Милане, авторот ги отсликува партиите кога се на власт и во опозиција, а не ја изедначува одговорноста на власта и на опозицијата. Двете партии по 10 години се на власт. Па сега кој кого повеќе бендисува. |
| makedonka, 23.03.2012 14:41:27 | Ova tvojata kolumina Erole e -salam da kaza, ama nemozam da recam- |
| G.A., 24.03.2012 01:08:01 | Treba po cesto so vakvi komenti,oti i narodot vise na znae sto da pravi ,,ostanale ni na nebo ni na zemja,,erol site ovie problemi zadnive denovi sve se organizirani za da gi zbunat narodot a tie od vlast da mozat sekoj potez da potegnat sto nim je vo plan i taka tie si ja terat svojata igra a narodot se figura za sah za niv ,ni edna vlada ama bas ni edna ne napravija nisto ima edna poslovica na turski ,,kiti jonus keldi domus,,Erole jas znam luge koj ne dobiva ni socialno ,dobivase pred edna godina 1200 so 4 clena familija a ova god nisto,eu zakonot e da nieden vo mk da ne bide ispod 6000 din socialno za familija so deca ,a pa tie manipulirat so razni problemi politicki za da go zbunat narodot se krade na golemo i toa so paleti se iznasuvat pari od mk jas licno 2 pati vo skopskiot aerodrom so luge naurozani do zabi i so kapi vo glava parite gi vnesuva vo avion za cekija a jas patuvav za praga pa jas se prasuvam kaj odat tie pari so paleti , pazi a narodot gladue, |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Ведро
|
Понеделник
Сончево
Макс: 18°C, Мин: 4°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 4°C
|
|
|
|
|
|