Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
22.03.2012, 18:30

Едиторијал

Не е ни време ни место

Соња Крамарска

Најновата иницијатива за македонско-албански здружени сили во расчистување на фактите од претходната Енциклопедија, е потег кој изненади многумина. И не само шт�� ги изненади, туку предизвика негативни реакции поради фактот што академици од друга држава ќе се вклучат во историски докажувања на настани и улоги на личности кои ја засегаат Македонија.

Се разбира дека балканското подрачје е едно од најтрустните политички и историски подрачја, но ако некој тоа го дава како аргумент за потребата Скопје и Тирана да пишуваат заедничка историја (или да ја ревидираат), тогаш истиот аргумент оди во прилог и на стравувањата дека таков потег го дискредитира правото на една држава да им верува на своите институции. Во случајов на македонските историографи без оглед од кое етничко потекло доаѓаат – македонско или албанско.

Патетични се лелекањата на Македонија дека е опкружена со непријатели – како Грција, Бугарија, Албанија и Косово, ако сега на сите нив им прати порака дека еве и Атина, Софија, Тирана и Приштина можат да се втурнат заедно со македонските историчари и академици да ловат факти од поблиската и подалечната историја. Би додале – во матно. Со испреплетени истории, и историски личности со „двојно државјанство“ една таква операција може да биде осудена само на фијаско. Или на влошување на меѓусоседски односи, што за Македонија во овој момент на затегнатост со Грција ќе значи непотребен автогол.

Македонскиот државен и политички врв не смее да пренебрегне неколку факти: дека албанската заедница на Балканот е се' уште чувствителна на Косово. Другиот важен факт е што македонското општество се' уште нема поставено општоприфатена дефиниција за случувањата во 2001 за кои Албанците велат дека беа борба за човекови права, а Македонците се уште ги сметаат за напад. И дека една од причините за неуспехот на претходната Енциклопедија се истите тие случувања за кои Тирана сосема сигурно ќе има поинаква дефиниција од онаа на Скопје.

И конечно, ако услов за евроатланското интегрирање на Македонија се добрососедските односи, кому му одговара една таква провокација сега кога грчката блокада е во полна сила, а Балканот не покажува особени симпатии кон нашите напори да се избориме против политиката на јужниот сосед.

Во Владата седи една мошне хармонична коалиција составена од најмоќната македонска и албанска партија, на која не и треба таков вид посредништво како што се академиците од Скопје и од Тирана. На крајот на краиштата и историјата е еден вид на договор. Разбирливи се мотивите Владата да бега од тоа прашање или да го одложува но не е разбирливо неговото решавање да го префрла – преку граница. Македонската академија на науките и уметностите треба веднаш да се спротивстави на тоа, бидејќи нивната одговорност е најголема пред историјата и пред идните генерации.

Тешко е да се гледа како македонската (не)критична јавност преокупирана со тепачки на средношколци и со постојаниот раст на цените, не забележува како покрај неа поминува еден крајно контроверзен проект како што е соработката на македонската и албанската академија на науките. Но тоа може и да се разбере. Не треба да очекуваме дека кај јавноста постои изострено чувство за правилни и погрешни политички чекори. Таа има платено свои претставници во нејзино име да водат политика која ќе води кон прогрес а не обратно.

За некој што не ги познава добро балканските прилики, заедничка „свадба“ меѓу Македонија и Албанија изгледа како симпатичен проект на брановитиот Балкан. Оние пак што знаат какви се односите меѓу државите во овој географски дел од Европа, имаат непогрешиво чувство дека се случува нешто погрешно или во најмала рака добра идеја но во погрешно време. Обичниот човек би рекол не е ни време ни место.


Статијата е прочитана 1530 пати.

Испрати коментар



Лева рака, десен џеб
Каква власт, такво судство
Монодрама во Тулуз



jovan, 23.03.2012 00:12:45
Ili, ne e za sega i ne e za ovde. No neznaci deka *utre* nema da bide za ovde.
Itar Pejo, 23.03.2012 00:58:11
Nie so Albanija imame nesto zaednicko, a koe sto e mnogu bitno. I nasata i nivnata drzava vo 1913 godina se podeleni. Povece od polovina od makedoncite se nadvor od svojata drzava. Isto e i so Albancite. A bogami i Srbija e vo ista situacija. A bidejci site tri drzavi imame zaednicka cel treba zaednicki i da se borime: Site makedonci vo edna drzava, site albanci vo edna drzava i site srbi vo edna drzava. I sekoja vo svoite etnicki granici, nacrtani od strana na patriotite od soodvetnata drzava. Treba da se splotime i site tri narodi da se borime zaedno. Do pobeda.
P.Petar, 23.03.2012 07:23:47
Totalno ne e vreme za takva dualisticka megjudrzavna akcija za osvetluvanje na odredeni istoriski sostojbi. Sto bi bilo koga Srbija i Hrvatska vo sorabotka so nadvoresni faktori bi razgovarale za Vukovar ili za Kraina?? No i koga NEKOJ bi se resil da udri na masata i da dokaze sto e vistinata tia nadvoresnite faktori elegantno ke go zamolcat! A najvazno e sto takov maz so golemi m...... seuste nemame na politickata scena!Mnogu dobro za tie nadvoresnite sorabotnici!No kako sto nekoj pogore rece ima mozebi nekoe utre.
do itar pejo, 23.03.2012 10:37:01
A bre itrecu kako mozi toa,pa svetskive drzavi ni edna ne e ednoetnicka i kako mislis da stvoris etnicki drzavi,kakon Taci?
Миле - Охрид, 23.03.2012 14:24:58
Лицемерен и безобразн напис.
Насрадин-оџа, 23.03.2012 15:20:07
Не си го разбрал цинизмот на Итар Пејо , тоа е премногу комплицирано за твоите можности!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Ведро

Вторник
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 4°C

Среда
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |