25.03.2012, 17:12 Салвадор Алјенде му значи на светот, а нам не ни треба
Премиерот Груевски смета дека некои личности од други земји немаат врска со Македонија
Наум Котевски
Во своето последно интервју за телевизијата Сител премиерот Никола Груевски, откако навести низа инвестиции и многу вработувања до крајот на 2012 година, се обиде набрзина да ги разјасни и сите нејаснотии околу проектот за промена на имињата на улиците во Скопје.
Најпрвин ги смири и најжестоките противници на таквата идеја, прецизирајќи дека „иако се вртат мног�� имиња во јавноста, сепак, станува збор за само осум отсто од улиците во главниот град“.
Потоа, земајќи ја како пример најактуелната улица деновиве „Салвадор Алјенде“ (поради тоа што на неа живее сопругата на загинатиот претседател Борис Трајковски, Вилма, чија куќа беше ограбена), ја извлече суштината на најновата идеја на власта.
Според премиерот, имињата на улиците како што се „Салвадор Алјенде“ и „Октомвриска револуција“ не соодветствувале на нашата реалност. Одредени настани и личности од комунистичкиот период во некои држави не ни значат ништо, ќе објасни Груевски.
„Дури и таму каде што нешто значат - ги нема“, ќе дополни премиерот, кој го избра погрешен пример за да го оправда новото кумство.
Улици со името на претседателот на Чиле од 1970 до 1973 година, Салвадор Алјенде, има во центарот на Берлин, потоа во Минхен, Мадрид, Брисел, Дрезден и во уште десетици други големи европски градови. Еден од плоштадите во центарот на Париз од 2003 година го носи токму тоа име (дотогаш се викал „Сантијаго де Чиле“). Исто како што е именуван еден парк во Виена и делот од Факултетот за медицина на универзитетскиот кампус Еразмо во Брисел.
Тоа јасно кажува дека на светот исклучително му значи она што нам не треба да ни значи во иднина. Некој сега сака да ни каже дека синонимот за демократските процеси, Салвадор Алјенде, е неважен. Дека тој е личност која одбележала едно време. И тоа локално, а не универзално.
Ваквите наивни, но груби обиди за оправдување на сериозните планови за редефинирање на нашиот поглед кон светот тешко поминуваат во јавноста. Затоа што повеќето знаат дека Алјенде е прв социјалистички политичар избран за претседател на една држава на демократски избори. Дека тој се обиде да го преструктурира чилеанското општество во поправедна социјална распределба на богатството со задржување на демократијата.
Во 1973 година беше соборен од власта со државен удар и беше убиен (според други верзии се самоубил за да не падне во рацете на пучистите). Водач на пучот беше адмиралот Августо Пиноче, кој во 1972 година беше именуван, токму од социјалистот Алјенде, за заповедник на чилеанските вооружени сили. Неговата хунта потоа се претвори во жестока диктатура на згрозување на целиот свет, во која беа убиени или исчезнаа повеќе илјади луѓе и траеше до 1990 година.
„Во ова земја нема да се мрдне ниту еден лист ако јас не го мрднам“, е популарната изрека на Пиноче.
И во оваа држава мрда само власта. За вакви важни нешта, како што е менувањето на имињата на улиците, народот, кој колку и да звучи пренагласено е во емотивна врска со нив, никако да се праша. |
|
Статијата е прочитана 3117 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Peyo, 26.03.2012 00:07:49 | Jas se slozuvam so Premierot. Komunjarot Aljende nas ne ni znaci nisto. Ulicata da ce prekrsti vo Августо Пиноче, dokazan borec protiv komunizmot. Treba da se izlustriraat site ulici vo Makedonija i namesto na komunisticki lideri, kako Ho Chi Min, da se dadat iminja na borci protiv komunizmot. Treba Ronald Regan, Margaret Tacher, General Franko, Draza Mihajlovic, Pavelic, Balisticka ulica, Gebels, Chang Hai Chek, Metaksas, Kvisling, Musolini i drugi. |
| Ljubotan Trade name, 26.03.2012 06:14:54 | @ Itar Peyo. Zamisli,Gospodine Peyo,site tvoi ideoloski i drzavotvorni Heroji na Imina, ako gi stavime zaedno vo eden lonec kako vo Skopje ,toa bi bila takva Papa Zijanija-slozni kako ;Rogovi vo Vreca, kako sto si slozen, i Ti . |
| P.Petar, 26.03.2012 07:26:04 | Gospodine Gruevski,ili se pravite deka ne znaete ili im pravite lice na onie na Kale! Dali vi e jasno deka OKTOMVRISKATA REVOLUCIJA e najprogresivna opstestveno,politicka i ekonomska preobrazba vo Rusija koja samo za stotina godini gi pretrca i prestigna najgolemiot broj na razvieni zemji!Voedno so pobedata nad fasizmot se sozdade klima za sozdavanje na Titova Jugoslavija vo koja za PRV PAT e zvanicno priznaeno imeto MAKEDONIJA, ravnopravna so site ostanati republiki,so svoj majcin jazik,skolstvo i kulturni institucii! Dali toa nesto vi znaci iliza INAET ne sakate da go priznaete,pa i ulucite vi se krivi?? |
| Bogomil(ec), 26.03.2012 09:52:44 | Ја знаете онаа изрека ,, Не ме плаши министерот за култура, туку културата на министерот,,. Ете така треба да се толкува изјавата на премиерот, кој, а ова не е единствениот доказ, има баѓи тупки во знаењата, дури и оние што се елементарни за просечен интелектуалец. Но, многу посрамен е фактот што тој мисли дека сите оние што ќе го слушнат, се со лимитиран, да не речам, ограничен интелектуален капацитет. За значењето на Алјенде, му појаснивте, а за Октомвриската револуција, чија грандиозност, пред се како настан, ја смени аритмијатата на светската историја, а во кој учествуваа и многу Македонци, белки ќе најде време меѓу две фрлања со лопати, да прочита нешто. Во секој случај, несериозно и зелено скинати мисли излетаа од уста на премиер. |
| Istocna Makedonija, 26.03.2012 10:02:42 | Preimenuvanjeto na ulicite,voopsto ne e naiven
proces i nosi mnogu opasnosti,dilemi i moznosti,
sega promenetite iminja na ulici,pak da se menu-
vaat vo bliska idnina!Zavisno,so koja ,,dioptrija
se gleda.Ovde,mora da se ima i komparativen
pregled i komparacija so drugi zemji,prvenstveno
so opkruzuvnjeto.Za primer,se ima li soznanieto
deka den-denes vo Belgrad postojat Makedonska
ulica(vo najstrogiot centar i dosta znamenita),po-
toa Skopska,Kumanovska,Ovcepolska,Stuimicka
Ohridska,Bitolska,Sarplaninska,Bregalnicka... |
| melbourne, 26.03.2012 10:09:02 | Se soglasuvam so itar pejo 100%,od samiot iskaz na NG se gleda kolku e pismen nasiot premier.
|
| fra, 26.03.2012 10:13:40 | Ваквите наивни, но груби обиди за оправдување ... тешко поминуваат во јавноста ... Za koja javnost zboruvate ?? |
| Alter Ego, 26.03.2012 10:21:16 | Tolku mu e skoloto na Grujo. Toj diplomirashe, magistrirase, doktorirashe vo Prilep (i toa poslednive dve diplomi se vo vreme koga e premier?! koj go biva za se si go biva), taka da ako go prasate licno nego toj site ulici bi gi prekrstil vo Marko Cepenkov. Sreka drugite mu Ministri se od drugi gradovi pa i tie znaat po nekoj lokalen zasluzen gragjanin. Pa dushickata ne ni slusnala ne ni znae koj e Salvador Allende.
|
| Vaska, 26.03.2012 10:21:32 | Улици со име Салвадор Аљенде има на сите континенти оти е државник со светски глас a Груjo никогаш нема да биде. Демократски избран, на народот му го врати националното богатство зграбено од домашната и американска олигархија.Тешко нам какви простаци ја водат државата. Знаењто е сила знаењто е моќ, хахаха |
| zvg, 26.03.2012 10:38:31 | deka aktuelniot politicar sto ovoj period ja vodi vlasta nekoj raboti ne gi znae toa e minus za nego tuku na tie pozadi nego sovetnici mozele da mu spremat nekolku redivi od istorijata i malku barem da naucese, nemora mnogu oti eden den i za nego nekoj ke dojdi da neznae barem neka trgni od sebe. ako znae za drugite eden den i za nego ke znaat sto covek bil... |
| velesanka, 26.03.2012 10:50:38 | sekoj naka si gi velica svoite junaci, site si gi imame dovolno no koga velam junaci mislam na licnosti zacluzni vo bilo koj segment vo trajnos od 1000 godini a ne sega momentalno popularni pa posle ce gi menjame odnovo oti na druga garnitura ne im se dopadjaat. Sarvador Aljende neka si go velicat tamu kade e zasluzen . |
| Efto Gjurcinoski, 26.03.2012 11:32:26 | Очигледно е дека на Груевски му одговара Пиноче а не Аљенде.За очекување е на некоја наредна сесија на преименување на улици и установи да се случи и ова.Се плашам дека ќе биде многу тешко да се исправат си��е овие забегувања сосема ДЕСНО блиску до фашизам.Време е народот да го запре ова лудило и тоа не заради нас постарите кои не нарекуваат комуњари туку заради младите генерации. |
| tihi, 26.03.2012 12:26:44 | Dali kje bidete zadovolni ako Salvador Aljende go zamenime so Kiro Gligorov. |
| Трпе, 26.03.2012 12:32:55 | Не е проблемот во дипломите.Проблемот е степенот на совладано знаење.Затоа денес младите и не сакат многу да имат знаење.Ним им е важна дипломата и партиската книшка.Кога може да се биде премиер со основни непознавања.Сигурно тој ке биде и против Гоце Делчев кој исто така бил социјалист.Се согласувам со многу коментатори дека на нашиот премиер наместо името на улицата Салвадор Ајленде повеке му одговара да го носи името Пиноче. |
| Veki, 26.03.2012 12:35:22 | A sto ni znaci Triunfalnata Kapija ? Od koj del na makedonskata istorija i pripaga? |
| on nekoj si, 26.03.2012 14:36:40 | Grujo ti si bil beter od Zoran Zaev. Vie ste podprosecna inteltelegencija covek. Zavrsen fakultet vo Prilep.....Definitivno Makedonija go dopre dnoto. |
| Tиквешанец, 26.03.2012 15:26:38 | Премиерот треба да се врати малку во средното училиште за барем колку-толку да го согледа значењето на некои личности од историјата. |
| dvolicnost, 26.03.2012 17:07:26 | Vremeto na Aljende bese vremeto na Studenata vojna. Amerika ne sakase togas
takvi levi politicari i sega treba inaku da mislime
oti sega Amerika ni e prijatel i sakame so site
sili niz NATO na Amerika da i stameme sojuznik po oruzje.
Ne tukutaka gresi Gruevski. Treba da se razmisli so bistra glava. Onie demokratii koi go
cestvuvaat Aljende so ulicni iminja glumat
licemerie. |
| Во Македонија многу има за соседите а многу малку кај нив за Македонија, 26.03.2012 17:09:43 | А сте се запрашале ли процентуално има ли толку имиња на Македонци и за Македонија како од соседите што има кај нас. Јас лично се гордеам со градбите кои се македонско минато а ние прв пат сме сами на свое и можеме македонското да го изградиме. Така е и со улиците. Ова ми иде и дкако со музиката. Македонија има радиостаници полни со музика од северот а оди кај нив нема шанси. Македонија толку делена толку македонски народ асимилиран која соседиве и пак ние одвнатре за сите имаме едвај македонска музика неможам да слушнасм по ресторани продавници автобуси канцеларии работилници. До мени ли е до вас ли е. |
| wd40`, 26.03.2012 18:27:25 | A prasanje do Itar Pejo ..... Dali vo Chile ima ulica Goce Delcev |
| vapski, 26.03.2012 18:37:57 | Salvador Ajende da se preksti u
Bokserska, po Boserskoto vostanie vo Kina,
a Oktomvriska Revolucija, da se vika Kole Rezolucija/ ili Rezilucija,
ako moze, mislam, |
| Natasa, 26.03.2012 19:06:24 | Nego Mara Buneva mu e najvazna licnost. |
| evropeec, 26.03.2012 19:35:11 | Site komentari se pogresni, Grujo znae istorija ama ponovata. Edna ulica ke ja krstat Ali Ahmeti, najgolemiot borec za sloboda. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 18°C
Ведро
|
Вторник
Ведро
Макс: 16°C, Мин: 4°C
|
Среда
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 2°C
|
|
|
|
|
|