Брoj 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Инцидентите без политичка димензија, велат од Вардар

Клубот им се извини на чесните навивачи и на семејството Идризи за непријатностите по мечот со Ренова

Фудбалскиот клуб Вардар се огласи со соопштение за јавноста во кое изрази жалење и им се извини на чесните навивачи и љубители на фудбалската игра за непријатностите што ги доживеаја по саботниот првенствен натпревар со Ренова. Од клубот инсистираат дека се преземени сите мерки предвидени во Правилникот за натпревари на ФФМ што го потврдил и делегатот во записникот.

„Обвинувањата и клеветите дека зад сето ова како организатори и поттикнувачи стојат Трифун и Коста Костовски се навистина смешни и неиздржани. Добрите познавачи на спортот знаат што се' е направено од нивна страна и какви се' успеси имале клубовите со кои раководело семејството Костовски. Очигледно, некој сака да фрли дамка на овие успеси и веројатно му смета тоа што Вардар станува уште една успешна спортска приказна на семејството Костовски, на задоволство на целокупната јавност“, се вели во соопштението на црвено-црните.

Клубот отфрла каква и да е вмешаност на политиката во инцидентите.

„Тоа што е интересно, а би рекле и симптоматично, е тоа што на овој непријатен настан му се дава и политичка димензија. Порачуваме - политичките партии да не ги користат ваквите моменти за дневно-политички маркетинг и да остават фудбалот и спортот во нашата држава да го креираат и водат спортските работници и познавачи на фудбалот“, се додава во соопштението и се упатува апел и поддршка на надлежните институции да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на овој случај.

На крајот се изразува „големо извинување до семејството Идризи, со надеж дека немилиот настан нема да ги наруши односите меѓу единствените семејства што финансираат, помагаат и го креваат рејтингот на мак-фудбалот“.

Инцидентите на овој меч, како и на второлигашкиот меѓу Локомотива и Слога Југомагнат ги осуди и Агенцијата за млади и спорт.

„АМС бара целосно почитување на одредбите од Европската конвенција за спречување на насилството и недостојното однесување на гледачите на спортските приредби, посебно на фудбалските, како и на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. Фудбалската федерација на Македонија и клубовите учесници во системот на натпревари имаат обврски во однос на обезбедувањето услови пред, за време �� по одржувањето на фудбалските натпревари заради гарантирање на безбедноста и регуларноста на сите натпревари“, соопштува Агенцијата.

Реагираа и од навивачката група „Комити“.

„Никогаш досега не сме реагирале на тепањето на нашите членови во Тетово или во Битола. Никогаш не сме рекле дека тоа е резултат на партиска, национална или верска припадност. Затоа и ги молиме сите злонамерници - политиката и омразата надвор од спортот“, стои во соопштението од навивачите на Вардар.

 


Статијата е прочитана 309 пати.

Испрати коментар

Од: Данчо
Датум: 02.09.2008 01:21:43
ееее комити комити, па и варар, срам за македонија сте, најголем резил, та и вие та и тој ваш скапан спонзор.... напред Пелистере..
Од: aleksandar
Датум: 02.09.2008 09:08:59
Za sto treba da se izvinuvame sto noseva oruzje sramota,ako izleze ova statija ke kazam .koj drug nosel pistoli,dovagale zvezdasi,partizanovci,samo divjaci mozat da nosat pistoli.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Шах Победнички потег
Милан на колена против Болоња, Пандев стрелец за Лацио
Трифун Костовски се повлече од ракометот
Баерн Минхен ја „демолира“ Херта
Катанец бара три бода против Шкотска или Холандија
Барса загуби од Нумансија, а Реал од Ла Коруња
Чилиќ го изнамачи Ѓоковиќ
Еклстоун му посакува на Мозли добредојде назад во Формула 1

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.