Брoj 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Трифун Костовски се повлече од ракометот

Женскиот клуб Ѓорче Петров остана без спонзорот „Кометал“, РФМ без претседател

Роберт Димитриевски


Кометал Ѓорче Петров од вчера и официјално е минато, барем под тоа име, откако спонзорот Трифун Костовски на прес-конференција објави дека целосно се повлекува од ракометниот спорт, поднесувајќи оставка и од функцијата претседател на Ракометната федерација на Македонија. Најтрофејниот спортски колектив во Македонија на само шест дена од стартот на Регионалната лига остана без главниот финансиер во последните 15 години, со чија поддршка ги досегна европските височини, а РФМ без првиот човек во пресрет на најголемиот спортски настан во државава по осамостојувањето - декемвриското Европско првенство за сениорки.

„Одлуката не ја донесов лесно, но се' има почеток и крај. Идејата да влезам како спонзор ми беше да ги поттикнам стопанствениците и државата да вложуваат во спортот, но не успеав. Не можам повеќе да ги следам финансиските потреби на клубот, што се одрази на резултатите во последните две години. Буџетите на големите ракометни клубови годишно растат за 20-30 проценти и тоа е премногу за мене“, со видлива разочараност изјави Костовски. „Со голема жал го соопштувам ова. Многу ми е криво, бидејќи бевме во врвот на европскиот клупски ракомет, но тие времиња поминаа, денес дуваат други ветришта и затоа се повлекувам за да влезе некој друг во клубот. За 15 години донесовме многу радост на нацијата и тоа ме исполнува“.

Во врска со Федерацијата, пак, Костовски информира дека на 21 август престанал да ги финансира сите женски национални селекции.

„Тие не се интерес на поединец, туку и на државата. Поднесувам оставка и од РФМ откако се договорени сите детали со државата околу организацијата на ЕП“, појасни најголемиот спортски мецена во самостојна Македонија. Тој ја отфрли сугестијата дека овој чекор го презема поради влегувањето во фудбалскиот клуб Вардар: „Вардар нема врска со ова. Факт е дека во фудбалот се враќаат парите, а може и да се заработи. Од друга страна, Вардар годишно чини 50 отсто помалку од Кометал Ѓорче Петров“.

Клупскиот претседател Иван Бојков му оддаде признание на долгогодишниот спонзор.

„Соработката даде исклучителни резултати во македонскиот женски ракомет. Клубот стана ракометен бренд со три финалиња во Лигата на шампионите, со една европска титула, со десетгодишно учество во групите од ЛШ“, рече Бојков. „Потегот на Костовски е негова желба, не наша, но очекуван, бидејќи не познавам друг пример во кој било спорт една личност 15 години да спонзорира клуб со врвни резултати. Костовски се вложи и лично во клубот, а клупските успеси се одразија и на репрезентативен план. ЕП е круна на тоа“.

Бојков за утре најави состанок со ракометарките, на кој ќе побара трпение од нив во следните 30 дена, колку што ќе трае потрагата по друг(и) спонзор(и).

„Ако не успееме, тогаш ќе им дозволиме да си најдат друг ангажман. Од епилогот на разговорите со потенцијалните финансиери ќе зависи судбината на клубот, односно дали ќе се натпреварува во Европа или само во македонското првенство, па дури и дали ќе згасне“, објаснува Бојков. Според него, за една сезона се потребни 550-600 илјади евра. За споредба, просечните тимови трошат над еден милион евра, а врвните 3-5 милиони годишно. Во врска со Регионалната лига, тој вели дека над 50 отсто од трошоците ги подмирува организаторот на натпреварувањето.

Како свои можни наследници во РФМ Костовски ги наведе двајцата потпретседатели Иван Бојков и Михајло Михајловски, како и членот на Управниот одбор, Минчо Јорданов.


Статијата е прочитана 1532 пати.

Испрати коментар

Од: Naum
Датум: 02.09.2008 00:12:18
Штета за ракометот, штета за Кометал ЃП, ракометот беше единствениот спорт кој ни донесе толкав успех, бевме Европски прваци... :( Во Македонија има доста успешни фирми, се надевам дека ќе успеат да се договорат со некоја или неколку од нив.
Од: mk.navivac
Датум: 02.09.2008 00:55:39
prokleti da se predavnicite se sto napravi do sega trifune so ovaj poteg se propadna vo voda vo naj teskite i naj bitni momenti za mk.rakomet ti izbega i mu zabi noz vo grb ke ostanis vo loso sekavanje
Од: Учител
Датум: 02.09.2008 07:58:51
Жалосно, единственото нешто што во оваа држава, покрај непопуларните репрезентации по математика и се разбира Трајанов, Трпчески и скори да нема други покажа нешто надвор од Македонија. Но, животот е таков, па дури и од еден Костовски не може да се бара вечно да биде спонзор на нешто вредно. Трагично е што партиските потрчковци и полтрони, кои на секои четири години седнуваат на врвни места не се свесни што ова значи. Уште потрагично е што муртовците и куртовците се менуваат на витални места во државава и нмилосрдно истата ја уништуваат. Кој не верува, нека го види уништеното образование, уништеното здравство, а има ли нешто што не е уништено.Има ТРПЕЛИВИОТ И НЕРАЗБРАН НАРОД и се разбира суровоста И БАХАТОСТА НА МУРТОВЦИТЕ И КУРТОВЦИТЕ..
Од: aleksandar
Датум: 02.09.2008 08:08:39
Sekoja pocit gospodine Kostovski dadovte,donesovte titula.Vie i RFM na makedonija donesovte Svetsko prvenstvo na mladinci,donesovte svetsko prvenstvo na mladinki,i sega evropsko prvenstvo.Dali ke dojde nekoj kako vas ke pokaze vremeto,samo edno ke kazam osven Olimpijadata vo Atina koj sosed ili od sosedstvoto organizirase vakvi manifestacii nikoj ni BG,Srbia,Grcija,Albania,Bosna duri hrvatska do godina ke organizira mundijal.Blagodarnost uste ednas bidejki Kometal Gorce Makedonija go vidova nasite Evropejci po ubavo eden evropski tim.Vi posakuvam od srce mnogu zdravje,sreka vo zivotot pozdrav
Од: Golem makedonec Flying
Датум: 02.09.2008 08:29:03
Potpolno go svakjam G.Kostovski, iako politicki ne go simpatiziram, a nacinot na koj se obogatil ne go komentiram. Nasata tradicija za zal e takva drug da plati a jas da upravuvam, nie taka sakame. A posebno pravilo za gigantite biznismeni vo R Makedonija koi ja opljackaja republikata se pravat uste po golemi Makedonci vo medija no nikako da go sledat primerot na G. Kostovski... Toj barem pokaza deka e Makedonec...
Од: tabak_kometal_fan
Датум: 02.09.2008 08:49:21
Za zal i toa se sluci, puka film....kako i da e golema blagodarnost do gospodinot Kostovski za dosegasnite zalaganja i za se sto ni priusti so zenskiot rakomet vo poslednite 15 godini. Sigurno ke go pametime i barame toa vreme ... pozdrav
Од: vucko 15
Датум: 02.09.2008 09:09:21
Epa sve si ima kraj i matematika ,sega stvarno duvaat nekoi drugi vetrista.Nemoze nekoj da finansira i raboti a drugi da mu go osporuvaat rabotenjeto a mozebi i ne se informirani sto se rabotelo taka se cenat nekoi potezi ,raboti ,biznisi ili kako sakate razbirajte gi rabotite.
Од: sasho negotino
Датум: 02.09.2008 09:58:12
g-dine Kostovski cela Makedonija ke ti bide vecno blagodarna za se sto napravi so makedonskiot rakomet.t e razbiram potpolno, vo vakvi uslovi i pred se vo vakva drzava kade sto vladee anrharhija poveke i ne vrede da se sponzorira. sega na guevski majkamu neka prodade 2 od svoite 4 stana i toj neka bide sponzor.uste ednas GOLEMO BLAGODARAM ZA UBAVITE MOMENTI STO NI GI PRUZI DA SE OSECAME KAKO VRVNA RAKOMETNA NACIJA.
Од: rakometar
Датум: 02.09.2008 10:10:54
Trifun e eden proizvod na amkedonskata tajkunska privatiyacija i tranzicija i nisto povece. Toj i kako drugiet trgovski pretstavnici vo stranstvo pri raspadjanjeto na sfrj gi oplackaka nivnite maticni pretprijatija i ostanaa vos transtvo i so sverc na nafta, zelezo i sl. yapocnaa maten biznis vo koj vo toa vreme ne se znaese koj pie koj placa i to vo celiot region. Natrupaa pari i potoa stanaa kao uspesni biznismeni, no im trebase popularnost i politicka moc. Sega koga go imaat i ednoto i drtugoto, pogolem biznis gleda vo fudbalot i rakometot nemilosrdno go ostava, vo parite nema emocii, i si go otkriva vistinskoto lice. A za nego kako gradonacalnik, sto go upropasti skopje e posebna prikazna.
Од: Трпе
Датум: 02.09.2008 10:28:14
Немојте многу да се секирате,тука е семожниот Никола Грујовски кој знае и можи се`,па се` ќе среди!
Од: Rage
Датум: 02.09.2008 10:36:07
Povtorno si sedna vo politickiot skut i vlece potezi kako sto ke mu kaze papata! Kogo ke farba i kogo misli da izlaze??? Ako nekoj vo istorijata ke bide zapamten kako politicki kameleon ovoj deckovo e N1. Da bideme iskreni treba da se smeta i doprinesot za zenskiot rakomet, osven biznis shark-bite stil, se drugo mu e propast, no zilav decko e, go drzat i go sutkaat.
Од: Spasitelot
Датум: 02.09.2008 10:52:32
Prvo go ostavi Rabotnicki na cedilo, a sega i Gjorce Petrov. Mnogu ubavo za makedonskiot sport. Dvata nasi sampioni ostaveni na cedilo. Dragi moi sogragani, trifun vlozuvase vo sportot, no ne za da bide sponzor tuku za da zarabotuva od sportot. I dobro zaraboti. Sponzor e koga nesto davas, a ne koga ke gi povleces so sebe site igraci koi bile angazirani vo klubovite, a niv ke gi ostavis bas vo momentite koga treba da ja pretstavuvaat nasata drzava.Vakvi lazni sponzori netreba da se primaat vo sportot. A za uspesite ne se grizete. Ke si dojdat sami po sebe. Nasite klubovi imale i ke imaat uspesi i pred trifun i posle nego..
Од: Vlatce
Датум: 02.09.2008 11:08:07
Epa za zal i toa se sluci,ama se nadevam deka ke se najde resenie,i kometal(il pod drugo ime)ke pocne da funkcionira) kako porano.Zata sto,zalno ke bide edinstvenata gordos na sportski plan vo Makedonija da zgasne.
Од: Дордо
Датум: 02.09.2008 11:10:46
’Учителот“, на кусо и јасно ни кажа се. Можам да му честитам. Меѓутоа, ми се чини не е се загубено. Ако нашата талент Влада се отаже од ГЛОБИТЕ што очекува да ги собере од бедата и сиромаштијата чии деца нема да го продолжат законското образование и, ако ги додадеме, глобите од законот за пушење, ЌЕ ИМА ПАРИ и за КОМЕТАЛ и за други спортови. Да не заборавиме ќе остане и за дејците од платежната картичка...
Од: jas
Датум: 02.09.2008 11:14:21
da sekoa cest ali tajmingot mu e dobar sto sega nie rakometarkite da pravime treba da mu kazeme fala za site ovie godini i sega na ulica trebase vo maj da kaze deka nema da bide sponzor da ne potpisuvame novi dogovori neli covecki e i sega kade ke odime nie i da sme slobodni igraci vo septemvri site klubovi se so igraci sto e so nasata kariera sega????
Од: elbasan
Датум: 02.09.2008 11:44:04
Dobro bese dodeka traese.Kako i da e vo los moment Trifun go napusti Kometla.Negovo pravo e da si odi koga saka, ama mozese toa da go stori na kraj sezona , a ne sega pred pocetok na novata.Dokaz deka licniot interes e pred se.
Од: Bajo
Датум: 02.09.2008 12:28:47
Trifun ako ne saka vise da vlozuva onda nikoj ne moze so sila da go tera, to se negava licna prava za takva odluka. ali ne mozam da razbiram zasto ostavas sve samo tri meseci do EP, nikoj ne moze da me obiduva deka ne si mozel barem uste tri meseci. kako so sala trajkovski taka so EP, ostavas na vladata, oni napravija sala i oni ce go organizirat EP, ne se sejkiraj ali ti vecno ke ostanis vo sejkavanjata kako neseriozen. Sve ova se tvoj planovi, so EP , so sala ali begas od odgovornosta kako sekoj covek na SDSM, stvarno ste nesvatlivi. Pozdrav
Од: krusevo
Датум: 02.09.2008 13:46:39
Gospodine Kostovski Vi blagodaram za se sto storivte za makedonskiot rakomet. So zolzi vo ocite se sekjavam na vecerta koga kometal strana evropski sampion. Vie ste eden od retkite koj pokaza deka e vistinski Makedone. Kade se patriotite nasi koi spijat na pari? Dajte lugje da go vratime ona sto edinstveno vredese..... Lugje da mu pomogneme na KOMETALLLLLL SAMPIONNNNNOT NASSS
Од: manev
Датум: 02.09.2008 14:42:46
Sega Guevski neka igra.Ima Agencija za mladi i sport(hahahah),da sepofalat na mediumite.Gruevski za piker so stavot vo odeweto site ke begaat.Kale ke bide neosvoiva tvrdina kako {to be{e).Guevski ima specificen od.Sekoj den mu doagaat premieri na mnogu dr`avi(taka ke bide i vo rakometot).Pravilna odluka na Trifun.
Од: Пивотмен
Датум: 02.09.2008 15:22:00
Трифун Костовски пак влече погрешни потези. Наместо да се повлече од градоначалник каде воопшто не го бива, се повлекува од ракометот каде со спонзорирање го бива затоа што земаше добри играчи. А зашто не зема добри играчи и во градската администрација па тие да играат а тој да не мачи да составува реченици на конференции за печат и при давање изјави.? Инаку македонскиот ракомет одсекогаш бил силен и натаму ќе биде. Сега е ред на Миха и Минчо да ја покажат својата вистинска големина во секој поглед.
Од: sk
Датум: 02.09.2008 16:19:51
Bese samo prasanje na vreme.e pa ne moze nekoj samo da dava, i da kuti, i da gleda od strana a drugi da mu raspolagaat so parite i da praat sto si sakaat(citaj Bojkov,Nachevci). I eden kup paraziti da ziveat super na negov grb, i vo federacija i vo klubot. Ma mu se cudam i tolku dolgo sto izdrza! Fala ti g-n Kostovski sto ni ja donese najgolemata radost vo istorijata na sportot,pa i voopsto vo ponovata istorija na Makedonija. Nikogas i nikoj poveke toa nema da mu go priredi na ovoj narod i ovaa drzava. Toa e prav Makedonec,sto doprinel so istoriski zapisan i vecen rezultat. I pak go napaga i pluka koj ke stigne. Go podrzuvam i potpolno opravduvam ovoa sto go napravi.Ovoj narod ne te zasluzuva Trifune.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Шах Победнички потег
Милан на колена против Болоња, Пандев стрелец за Лацио
Инцидентите без политичка димензија, велат од Вардар
Баерн Минхен ја „демолира“ Херта
Катанец бара три бода против Шкотска или Холандија
Барса загуби од Нумансија, а Реал од Ла Коруња
Чилиќ го изнамачи Ѓоковиќ
Еклстоун му посакува на Мозли добредојде назад во Формула 1

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.