Фудбалерите на Баерн ја демолираа берлинска Херта во Минхен со 4:1. Баерн од самиот почеток на свој терен покажа дека сака да ги заборави првите две кола во Бундеслигата, па Лука Тони во 12 минута ја затресе мрежата на ривалот. Офанзивата продолжи, но не вроди плод се' до второто продолжение. Бледата Херта некако се бранеше во првите десет минути од продолжението, а тогаш за 15 минути прими три гола. Првиот го постигна Филип Лам, кој важи за офанзивен бек, но не постигнува голови. Погодокот по пасот со Зе Роберто му е само втор за Баварците по август 2006 година. Две минути подоцна Швајнштајгер од белата точка зголеми на 3:0, а од истото место погоди и Клосе во 70 минута. Слаба утеха за Херта во 84 минута донесе Марко Пантелиќ со својот 40. гол во дресот на Херта. за Баерн ова беше прва победа во оваа сезона, а Штутгарт по втор пат запиша три бода во лесен натпревар против Хановер 2:0 со головите на Гомес и на Пард од пенал.