Барса загуби од Нумансија, а Реал од Ла Коруња
Во последниот меч на колото, Реал не успеа да ја прекине црната традиција на „Риазор“,
И стартот на сезоната во Шпанија донесе големи изненадувања. Во првото коло на Примера Барселона е поразена со 1:0 на гостувањето во Нумансија. Ниту актуелниот првак, Реал М. не мина подобро, „кралевите“ се поразени во гости од депортиво ла Коруња со 2.1.
Екипата која по трет пат во историјата се враќа во елитното друштво играше дома со тимот кој требаше да обележи почетокот на новата ера под палката на клупската легенда Пепе Гвардиола. наместо Барселона да покаже што може во оваа сезона, таа по 10 минути иницијатива дозволи домаќинот да поведе. Карлос Белвис центрираше од левата страна, топката прелета на другата каде ја смири Марио и ја испрати зад грбот на Валдез. Играчите на Нумансија сигурно не го очекуваа овој гол, но и не се залетаа и со смирена игра и дефанзива ја чуваа стекнатата предност. за разлика од нив, барса играше многу нервозно па акциите на Меси, Ето и Инијеста завршуваа или со очаен пас или пак со додавање „на памет“ во празен простор каде што немаше никого. Во останатите натпревари Атлетико Мадрид ја врати дома Малага со 4 гола во мрежата, како и Алмерија, која продолжува со добрите партии од крајот на минатата сезона и лесно го совлада Атлетик Билбао со 3:1.
Во последниот меч на колото, Реал не успеа да ја прекине црната традиција на „Риазор“, па така Депортиво 17. сезона во серија славеше против мадриѓаните, овој пат со 2:1. Депортиво поведе преку Миста во 26 минута во полувреме набиено со добар ритам. Двете екипи по еднаш погодија во рамките на голот, а тежиштето на играта константно се префрлуваше од една на друга страна, а Реал ја имаше нешто повеќе топката во своите нозе. Сепак, подисциплинирани беа домашните, кои од прекин стигнаа до предност. Во 47 минута Нистелрој по школската комбинација со Раул израмни, но само неколку минути подоцна, во 51 минута преку Лопо Депортиво повторно поведе. До крајот на мечот се одвиваше јалова иницијатива на „кралевите“, но гол не падна.
Резултати: Атлетик Б. - Алмерија 1:3, Атлетико М. - Малага 4:0, Нумансија - Барселона 1:0, Осасуна - Вилјареал 1:1, Расинг - Севилја 1:1, Бетис - Рекреативо 0:1, Депортиво - Реал М. 2:1, Еспањол - Валјадолид 1:0 и Валенсија - Мајорка 3:0.
Тотенхем извлече бод кај Челзи
„Сините од Лондон беа многу подобри во првото полувреме и им требаа само седум минути да воспостават тотална контрола на теренот. Меѓутоа, наместо да водат со два-три гола разлика, до водството стигнаа на среќен начин. Корнерот на Деко во 27 минута го пронајде Дарен Бент, кој во обид да ја расчисти ситуацијата го погоди Белети, топката го измами Гомеш и заврши во мрежата. Тотенхем не се разбуди ниту по примениот гол, Модриќ, Бентли и Дос Сантос не успеваа да се изборат за превласт на средината на теренот, па Бент не доби ниту една употреблива топка во шпицот на нападот. Сепак, во последните секунди од полувремето Модриќ се обиде да ја префрли топката на десната страна, таа од Лампард се одби на левата, точно на ногата на Бент, кој успеа да ја испрати под Чех за изненадувачко израмнување.
Во продолжението Спарси играа поангажирано, но не доволно добро за да постигнат гол. На другата страна, Челзи напаѓаше, но како одминуваше времето, нивните обиди беа се' по слаби, па мечот заврши реми.
Нешто подоцна Манчестер сити гостуваше на „Стадионот на светлината“ каде го декласира Сандерленд со 3:0. „Граѓаните“ поведоа во 45 минута со голот на Ајрленд, а веќе по истекот на еден час игра се' беше јасно. Повратникот во тимот, Шон Рајт Филипс за осум минути врза два гола за конечни и прилично лесни 3:0. Во последниот меч Ливерпул пропушти да избие на врвот на табелата, затоа што на „Вила парк“ одигра без голови.
Резултати 3. коло: Челзи - Тотенхем 1:1, сандерленд - Манчестер С. 0:3, Астон Вила - Ливерпул 0:0, Болтон - ВБА 0:0, Евертон - Портсмут 0:3, Мидлзборо - Стоук 2:1, Вест Хем - Блекбурн 4:1, Арсенал - Њукасл 3:0, Манчестер Ј. - Фулам одложено.
|