Милан на колена против Болоња, Пандев стрелец за Лацио
Првото коло во Серија А го донесе и првото големо изненадување. Повратникот во лигата Болоња го совлада „реновираниот“ тим на Милан на „Сан Сиро“ со 2:1. Пандев стрелец на четвртиот гол за Лацио
Првите петнаесет минути од натпреварот Милан-Болоња покажаа дека Карло Анчелоти и неговите нови и стари играчи ќе имаа полно работа катастрофалната сезона 2007/2008 да ја остават зад себе, затоа што Болоња играше со многу самодоверба и лесно го контролираше противникот. Првиот шок за домаќините се случи во 18. минута кога Марко ди Вајо го совлада Абијати. По примениот гол „росонерите“ конечно почнаа да играат, па Пирло, Роналдињо, Замброта и Амброзини пропуштија изгледни шанси за изедначување. Сепак, за 1:1 се чекаше до 43 минута, кога Амброзини го искористи центаршутот на Роналдињо. Бразилецот ја предводеше својата нова екипа во Жестока офанзива во второто полувреме, а му се приклучија повратникот Шевченко и младиот Пато. Меѓутоа, и покрај иницијативата на Милан мрежата се затресе на спротивната страна со голот на Валијани во 79. минута, нов шок за 2:1 за Болоња. До крајот на мечот немаше посериозни шанси, па на крајот Карло Анчелоти со цигара во уста ги ислуша свирежите од трибините. Горан Пандев го постигна четвртиот гол за Лацио против Калјари (1:4) во натпревар во кој домашните поведоа преку Ларивеј во 31. минута, израмни Зарате во 62, а истиот играч го доведе Лацио во водство во 71 минута. Стрелец на третиот гол за гостите беше Фоѓа во 74 минута.
Лош резултат запиша и Рома, која дома играше нерешено, 1:1 против Наполи.
Во последниот меч Јувентус беше на прагот на победата против Фиорентина во Фиренца, но на крајот во Торино однесе само еден бод. Црно-белите поведоа преку Недвед во 39 минута, а на пет минути пред крајот имаа и играч повеќе, Мела беше исклучен поради втор жолт картон. Сепак, Џиралдињо со фантастична реакција во петерецот израмни на 1:1.
Резултати:
Милан - Калјари 1:2, Рома - наполи 1:1, Калјари - Лацио 1:4, Аталанта - Сиена 1:0, Катанија - Џенова 1:0, Киево - Реџина 2:1, Торино - Лече 3:0, Фиорентина - Јувентус 1:1, Сампдорија - Интер 1:1 и Удинезе - Палермо 3:1. |