Двајца мртви во паднат хеликоптер
КАБУЛ - Во експлозија на хеликоптер на ИСАФ вчера загинаа две лица, а десетмина беа повредени, при слетувањето во источниот дел на Авганистан, соопштија од ИСАФ. ИСАФ соопшти дека причината за експлозијата се' уште се истражува. Првичните информации велат дека во хеликоптерот имало 26 лица, меѓутоа, не се открива дали тие биле цивили или војници. ИСАФ не ја дефинира локацијата на експлозијата. (Ројтерс) |