Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

Новинари во апс поради интервју

Двајца германски новинари разговарале со синот на жената осудена на смрт со каменување

Иранскиот јавен обвинител Голам Хусеин Мохсени Еџеје потврди дека двајцата странци, кои влегле во земјата како туристи, се во притвор откако се обиделе да му постават неколку прашања на синот на Сакинех Мохамади Аштијани. Случајот на Аштијани предизвика бурни меѓународни реакции откако 43-годишната мајка на две деца беше осудена на смрт со каменување поради прељуба и убиство на својот сопруг.

„Истрагата покажа дека двајцата странци не се новинари и тие се уапсени поради фалсификување на новинарскиот статус“, изјави Еџеје. Иако обвинителот одби да го соопшти нивниот идентитет, тој укажа дека станува збор за Германци со тоа што ги поврза со иранскиот борец за човекови права со седиште во Келн, Мина Ахади.

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи изјави дека амбасадата на оваа земја во Иран се об��дува да ги потврди информациите дека станува збор за германски новинари. Здружението на германски новинари на својата Интернет-страница повика на итно ослободување на новинарите. Претседателот на здружението, Михаел Конкен, оцени дека обвинувањата оти двајцата не биле акредитирани е само изговор за забраната да се информира за нарушувањето на човековите права во Иран.

Активистката Мина Ахади од својата канцеларија во Келн телефонски им преведувала на новинарите за време на интервјуто. Таа потврди дека станува збор за двајца новинари на германскиот весник „Билд ам зонтаг“, но одби да ги идентификува поради безбедносни причини.

И покрај притисокот од меѓународната заедница, иранските власти опстојуваат во намерата да ја извршат смртната казна врз Аштијани. Вчера околу 50 Иранци, кои живеат во егзил во Норвешка, протестираа во Осло за поддршка на осудената Аштијани. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 383 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Доживотна за полицаецот што уби студент во Атина
Рударите излегоа на површина
Чилеанските рудари излегуваат на површина
Од идната година нема пушење во ЕУ
За милион долари истрчал гол пред Обама
Најстариот син на Ким Јонг Ил против братот
Седумнаесетмина загинаа во сообраќајка
Сообраќајна трагедија во Украина
Двајца мртви во паднат хеликоптер
Италија в година си оди од Авганистан
Грчки танкер удри во кипарски брод
Со сила против сецесијата од БиХ






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia