Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

Од идната година нема пушење во ЕУ

Се подготвува забрана за пушењето на јавни места во целата Унија

БРИСЕЛ - Европската комисија се подготвува да воведе закон во 2011 година за забрана за пушењето на јавни места во целата Унија. Иако делумни или целосни забрани за пушење се воведени во многу европски земји со кои се става крај на можноста да се пуши во барови, кафулиња и други јавни места, сепак е релативно лесно во некои држави да се најде засолниште каде што пушачите се добредојдени или поради исклучоци на тие закони или бидејќи сопствениците не ги почитуваат забраните.

Комесарот за здравство Џон Дели изјави дека сака да стави крај на тоа. "Потребна ни е целосна забрана за пушењето на сите јавни места, во сообраќајот и на работните места", изјави тој во интервјуто за германскиот дневен весник "Ди велт". Најавувајќи дека Брисел подготвува нацрт закон што ќе биде донесен идната година, тој изјави дека исклучоците не треба повеќе да се толерираат бидејќи ова прашање "не е само за здравјето на посетителите, туку исто така и за вработените".

На пример во Белгија каде што се наоѓа седиштето на извршното тело на ЕУ, каде се уште можат да се палат цигари во кафулиња се додека не се служи храна, додека грчкиот министер за здравство минатата недела го призна ефективниот неуспех на забраната за пушење од 2009 година, истакнувајќи дека тајните инспекции откриле дека во осум од 10 барови отворено се прекршува законот.

Нацрт законот на ЕУ може исто така да биде обид да се намали количеството на никотин и други токсични супстанции кои се наоѓаат во производот. Комисијата и понатаму ќе се обидува да добие согласност за правилата со кои тутунските производи нема да бидат видливи за купувачите и пакувањата ќе бидат колку што може неатрактивни. Пакувањата треба да бидат направени идентично во изгледот и на нив да има предупредувачки слики во живи бои како што се заболени бели дробови како и повеќе информации за токсините што се наоѓаат во производот. "Колку е поуниформно и неинтересно пакувањето на цигарите толку подобро", изјави комесарот.

Зависноста од пушење секоја година убива околу 650.000 Европејци. (ЕУ обзервер)


#
Статијата е прочитана 643 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Доживотна за полицаецот што уби студент во Атина
Рударите излегоа на површина
Новинари во апс поради интервју
Чилеанските рудари излегуваат на површина
За милион долари истрчал гол пред Обама
Најстариот син на Ким Јонг Ил против братот
Седумнаесетмина загинаа во сообраќајка
Сообраќајна трагедија во Украина
Двајца мртви во паднат хеликоптер
Италија в година си оди од Авганистан
Грчки танкер удри во кипарски брод
Со сила против сецесијата од БиХ






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia