Седумнаесетмина загинаа во сообраќајка
ВАРШАВА - Седумнаесет лица загинаа во директен судир што се случи во вторникот во централниот дел на Полска кога патничко комби се судри со камион, откако премина на спротивната лента во услови на густа утринска магла. „Засега знаеме дека комбито преминало на спротивната лента и имало директен судир со камион ’волво‘“. Портпаролот на полицијата додаде дека е премногу рано да се дискутира за причината за несреќата што се случи на 80 км јужно од Варшава. (Ројтерс)
|