За милион долари истрчал гол пред Обама
Хуан Родригез (24) беше уапсен и обвинет за непристојно разголување, непристојно однесување во јавност и непримерно однесување, бидејќи истрчал гол викендов во обид да добие Интернет-награда од еден милион долари. Родригез, наводно, ја прифатил понудата од американскиот милијардер Алки Дејвид, кој изјави дека ќе му даде еден милион долари на секој што ќе истрча гол пред претседателот со името на веб-страницата на Дејвид на неговите гради. Дејвид изјави за „Филаделфија инквајер“ и за „Филаделфија дејли њус“ дека тој е симпатизер на Обама, но оти разголувањето е традиционален начин да се привлече внимание.
Родригез рече дека парите му биле потребни на неговото семејство и верува оти направил се' што е потребно за да ги добие. Тој рече дека не верува оти направил нешто несоодветно. (Телеграф)
|