Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

Најстариот син на Ким Јонг Ил против братот

Ким Јонг Нам (39) е против династијата што ќе го доведе
на власт неговиот помлад полубрат

ПЈОНГЈАНГ - Најстариот син на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил рече дека се спротивставува на сукцесијата на династијата што ќе доведе до тоа неговиот помлад полубрат да дојде на власт. Ким Јонг Ун, најмладиот син, е посочен како очигледен наследник, појавувајќи се покрај татко му во серијата неодамнешни важни настани. Неговиот постар брат Ким Јонг Нам (39) живее во странство, во Кина и во Макао. Неговите коментари се многу невообичаени во таинствениот север. Но, се верува дека тој нема влијание внатре во земјата. Едно време се сметаше за наследник на татко му, но ја изгуби благонаклонетоста кога во 2001 година беше фатен како се обидува со лажен пасош да влезе во Јапонија.

„Лично сум против тоа трета генерација да ја преземе власта“, изјави Ким Јонг Нам, кој беше цитиран од страна на јапонската ТВ-станица Асахи. „Но, мислам дека постојат внатрешни фактори. Мислам дека треба да се придржуваме до тоа ако има инволвирано внатрешни фактори“. Тој уште додаде „од моја страна јас сум подготвен да му помогнам на помладиот брат кога и да му е потребна помош, иако сум во странство“. Во едно од ретките интервјуа дадено минатата година во Кина тој изјави дека нема интерес да ја презема власта.

Болниот севернокорејски лидер Ким Јонг Ил дојде на власт по смртта на татко му Ким Ил Сунг во 1994 година. Во последниве неколку недели тој изгледа го именуваше најмладиот син Кин Јонг Ум за свој наследник. Најмладиот Ким, за кој се верува дека има 27 години, беше унапреден во генерал со четири ѕвездички и промовиран на клучната позиција во владејачката Работничка партија во септември. Тој минатиот викенд беше претставен пред официјални лица од светските медиуми, за време на прославите по повод одбележувањето на 65-годишнината од владејачката партија. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 607 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Доживотна за полицаецот што уби студент во Атина
Рударите излегоа на површина
Новинари во апс поради интервју
Чилеанските рудари излегуваат на површина
Од идната година нема пушење во ЕУ
За милион долари истрчал гол пред Обама
Седумнаесетмина загинаа во сообраќајка
Сообраќајна трагедија во Украина
Двајца мртви во паднат хеликоптер
Италија в година си оди од Авганистан
Грчки танкер удри во кипарски брод
Со сила против сецесијата од БиХ






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia