Средба на генерациите во ДПМ
Во Друштвото на писателите денеска напладне ќе се одржи традиционалната средба на генерации, на којa ќе настапат педесетина членa на писателската асоцијација што припаѓаат на повеќе генерации и кои во различни периоди давале свој прилог во развојот на македонската литература. Свеченоста со поздравана беседа ќе ја отвори секретарот на ДПМ, Панде Манојлов, а програмата ќе ја води Александра Велинова. (Н.П.) |