Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
Култура

Ципи и мембрани на уметницата Елпида Хаџи-Василева

Во Промо центарот „Јавна соба“ вечерва прв пат во Македонија со самостојна изложба ќе се претстави ликовната уметница Елпида Хаџи-Василева.

Отворањето е закажано за 19 часот, а насловот на изложбата е „Инхерентна убавина“, која, според кустосот Ана Франговска, пледира кон создавањето специфична визуелна убавина чија есенција е токму во суштината за создавање убаво со грдо.

Кустосот, меѓу другото, вели дека станува збор за нова географија на уметноста во буквална и во преносна смисла.

„Објективната грубост, суровост, грдост на медиумот со кој се служи Хаџи-Василева (мембрани, опни или ципи од свински желудници) со преобразената природа т.е. метаморфозирани, со помош на раката на авторот, во уметничко дело добива нова, видоизменета субјективност, а оттука и нарација, која покрај општата има и индивидуална идејна симулација...“.

Елпида Хаџи-Василева е родена во Кавадарци, но веќе 19 години живее и работи во Лондон. Досега учествувала во павилјонот на Велика Британија на Венецијанското Биенале во 2005 година, а самостојно се претставувала во Англија, Франција, Италија, Ирска, Шкотска. Се смета за еден од најголемите таленти на денешнината, кој многу смело експериментира и умее на многу елегантен начин да ја шокира публиката.

По завршувањето во Скопје, изложбата до март ќе биде поставена во Музејот-галерија во Кавадарци. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 334 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Трпчески награден во Париз со престижната „Златен дијапазон“
Опера за сите деца од Македонија
Гарванлиева номинирана за „Златна Лол��“
Тања Балаќ изложува во Приштина
Гоце Смилевски денеска ќе ја прими европската награда за литература во Брисел
Затворска приказна каде што црното станува бело и обратно
Денеска со турскиот „Мед“ се затвора „Синедејс“
Средба на генерациите во ДПМ
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region