Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
Култура

Денеска со турскиот „Мед“ се затвора „Синедејс“

Денеска во 20 часот во киното „Милениум“ со берлинскиот победник, турскиот филм „Мед“ на Семи Капланоглу и со доделување на наградите ќе се затвори 9. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Топлата приказна „Мед“, за детето кое низ шумата го бара својот загубен татко, за разлика од канскиот победник што се прикажа на отворањето, би требало да донесе една поинаква атмосфера и на подобар начин да го заокружи годинешното издание. За наградите „Златна ѕвезда“ и „Сина ѕвезда“, кои се доделуваат во главната програма, како и „Златното сонце“ кое ќе го добие еден од филмовите од програмата „Балкан линк“, одлучува жирито предводено од Сањин Пејковиќ, чии членови се Влатко Галевски и Николас Гастер.

Инаку, програмата на фестивалот денес ќе започне во 15 часот во киното „Милениум“ со проекција на последното остварување од фокусот на италијански филм, „Генерација од илјада евра“ на Масимо Вениер. Во 18 часот на барање на гледачите во киното „Фросина“ репризно ќе се прикаже српскиот филм „Животот и смртта на порно бандата“ на Младен Ѓорѓевиќ, додека за 22 часот во ноќниот клуб „Балет“ е предвиден последниот дел од програмата на музичките документарци, која ќе ја заокружи „Астралис - инсталација“ на Игор Нелјак од Хрватска. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 331 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Трпчески награден во Париз со престижната „Златен дијапазон“
Опера за сите деца од Македонија
Гарванлиева номинирана за „Златна Лола“
Тања Балаќ изложува во Приштина
Гоце Смилевски денеска ќе ја прими европската награда за литература во Брисел
Ципи и мембрани на уметницата Елпида Хаџи-Василева
Затворска приказна каде што црното станува бело и обратно
Средба на генерациите во ДПМ
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region