Гарванлиева номинирана за „Златна Лола“
Македонската режисерка Билјана Гарванлиева во втор пат е номинирана за најпрестижната германска национална награда „Златна Лола“ за својот документарен филм „Девојчето што бере тутун“. Оваа награда, која е највисоко донирана награда во Германија, со вкупно 230.000 евра, Гарванлиева веќе ја доби во 2007 година за нејзиниот првенец, „Девојчето со хармоника“. Сега, по втор пат ја доби оваа номинација како кандидат на Германското филмско здружение (Герман филмс), а за самата номинација филмот освои премија од 15.000 евра, што Владата на Германија ги доделува за следниот филмски проект на Гарванлиева.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи вечерва во Хамбург во салата „Fligende Bauten“. Во оваа категорија на краток документарен филм номинирани се само две остварувања, кои биле избрани од пријавените 248 филма. (С.У.) |