Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
Култура

Опера за сите деца од Македонија

Утре во МОБ премиерно ќе се изведе детската опера „Јованче и Марика“

Тина Иванова

Една од најизведуваните опери за деца во светот, „Јованче и Марика“ на германскиот композитор Енгелберт Хумпердинк, ќе биде премиерно изведена на македонската сцена утре, во Македонската опера и балет во 19 часот. Режијата е на Нина Најденова од Бугарија, а ќе ја изведе Оркестарот на МОБ под диригентство на Бисера Чадловска.

Операта „Јованче и Марика“ се одликува со навистина убава мелодија, и иако е наменета за деца, нејзините партитури се мошне комплексни. Поради познатата содржина (базирана врз приказната „Хансел и Грета“ на браќата Грим), оваа опера е идеална за средба на децата со овој вид музичка форма. Либретото е на Аделеид Вете, сестрата на Хампердинк, по чија желба, всушност, композиторот и ја создал оваа опера.

Хампердинк ја компонирал „Јованче и Марика“ во Франкфурт во 1891 година. Прв пат е изведена во Вајмар во 1893 година, под диригентство на Рихард Штраус, додека следната година изведба доживеала и во Хамбург под палката на Густав Малер.

Сценографијата е на Борис Стојнов од Бугарија, костимите на Марија Пупучевска, додека кореограф е Олга Панго. Улогите ги толкуваат: Драган Ампов (Петар, таткото), Катерина Бошковска (Гертруда, мајката и Вештерката), Билјана Талеска (Јованче), Катерина Стојановска (Марика), Нада Талевска (Самовила на ноќта)...

Режисерката на операта, Нина Најденова, која втор пат гостува во Македонија, на вчерашната прес-конференција истакна дека се радува што оваа земја негува посебен однос кон културата. „Секој театар во светот го има насловот ’Јованче и Марика‘ на сцената. Приказната на Грим има мали промени во адаптацијата на Хумпердинк. Постојат сцени во кои, главно, присуство имаат ангелите, кои низ операта се провлекуваат како идеја. Ние ја издвоивме таа идеја како основна, зашто сметавме дека секое дете што ќе ја гледа претставата, треба да знае дека секогаш може да побара помош од некој свој ангел-чувар, дека во тешките моменти може да му се обрати и да ја најде светлината“, рече Најденова, потенцирајќи дека е восхитена што државата дава помош и за вакви проекти. На тоа се надоврза сценографот Борис Стојнов, кој рече дека за разлика од Бугарија, каде што царува турбо-фолкот и се уништува културата, во Македонија, со ваквите проекти, ќе се развива здрава нација.

Инаку, „Јованче и Марика“ се реализира со финансиска помош од „ЕВН Македонија“. На вчерашниот прес по повод нејзината скопска премиера, присуствуваше и претседателот на УО на ЕВН, Варнер Хенгст, кој истакна дека се ангажирале за проектот „Јованче и Марика“ најмногу затоа што операта ќе можат да ја видат сите деца од Македонија. Почнувајќи од декември, операта ќе се прикажува во речиси сите градови низ земјава. Има мобилна сценографија што може да се адаптира на која било сцена. Најпрво ќе биде поставена во Струмица и во Куманово.

„Изминативе четири години ова раководство на МОБ почна да го развива репертоарот за деца и за млади, зашто сметаме дека е многу важно да ја едуцираме нашата идна публика уште од најмали нозе“, рече директорот на МОБ, Оливер Арсовски.

„Јованче и Марика“ ќе се изведува на македонски јазик, а нејзиното времетраење е околу 70 минути.


#
Статијата е прочитана 387 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Трпчески награден во Париз со престижната „Златен дијапазон“
Гарванлиева номинирана за „Златна Лола“
Тања Балаќ изложува во Приштина
Гоце Смилевски денеска ќе ја прими европската награда за литература во Брисел
Ципи и мембрани на уметницата Елпида Хаџи-Василева
Затворска приказна каде што црното станува бело и обратно
Денеска со турскиот „Мед“ се затвора „Синедејс“
Средба на генерациите во ДПМ
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region