Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
Култура

Гоце Смилевски денеска ќе ја прими европската награда за литература во Брисел

Во Кралскиот фламански театар во Брисел денеска во 19 часот на Гоце Смилевски ќе му биде врачена Наградата за литература на Европската унија. Ова високо признание што го доделува Европската комисија во соработка со Европската федерација на издавачи, Гоце Смилевски го доби за романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“.

Наградата на Смилевски ќе му ја врачи комесарот за култура при Европската комисија Андроула Василиоу, а покрај младиот македонски автор добитници на наградата се по еден писател од Германија, Данска, Белгија, Финска, Луксембург, Романија, Кипар, Естонија, Словенија и Шпанија.

Со фрагменти од романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ минатата година Гоце Смилевски беше застапен во антологијата „Најдобра европска проза“ меѓу триесет истакнати писатели од европските литератури. Антологијата ја објави „Далкеј Аркајв Пресс“ од Чикаго, Соединетите Американски Држави, а неодамна Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје објави ново издание на романот на Смилевски, кој прв пат се појави во 2007 година.

Гоце Смилевски е добитник на низа високи книжевни признанија, меѓу кои: наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ за романот „Разговор со Спиноза“; Наградата на Австрискиот и Македонскиот ПЕН-центар за драмата „Три куси танцови чекори преку границата“; наградата на Централноевропската иницијатива за најдобар европски писател до 35 години; и сега – Наградата за литература на Европската унија за романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“.

Романот „Разговор со Спиноза“, кој во Македонија доживеа пет изданија, е објавен и во Соединетите Американски Држави, Полска, Словенија и Хрватска, а „Архипелаг“ од Белград го презентираше во рамките на едицијата „100 словенски романи“. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 363 пати.

Испрати коментар

Од: Martina
Датум: 18.11.2010 15:12:05
Bravo!!!

Најди! во Утрински
Култура
Трпчески награден во Париз со престижната „Златен дијапазон“
Опера за сите деца од Македонија
Гарванлиева номинирана за „Златна Лола“
Тања Балаќ изложува во Приштина
Ципи и мембрани на уметницата Елпида Хаџи-Василева
Затворска приказна каде што црното станува бело и обратно
Денеска со турскиот „Мед“ се затвора „Синедејс“
Средба на генерациите во ДПМ
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region