Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Спортистите како жртви на терор и политички цели

Во минатонеделниот терористички напад во Лахоре, Пакистан, врз репрезентацијата на Шри Ланка во крикет беа убиени седум лица

Минатонеделниот терористички напад во пакистанскиот град Лахоре врз репрезентативците на Шри Ланка во крикет, во кој беа убиени седум лица и судирите меѓу Арапите и полицијата во Малме во пресрет на Дејвис куп мечот меѓу Шведска и Израел уште еднаш потврдија дека спортот е средство за пренесување на политички пораки на чии жртви јавноста е пречувствителна.

Вестите за жртви во политички, верски и меѓуетнички судири секојдневно пристигнуваат од сите краеви на светот. Малку кој реагира на нив освен во статистичкото заведување. Но, кога страдаат деца или спортисти, јавноста се сензибилизира бидејќи станува збор за потполно невини жртви. Така беше минатата недела во Лахоре каде се случи атентат на крикет репрезентативците на Шри Ланка. Во нападот, што е најважно, воопшто не настрдаа спортисти, туку само лица кои што ги следеа и тоа локални полицајци кои ги обезбедуваа. Бидејќи станува збор за атентат врз спортисти - веста експресно го обиколи светот и беше објавена на сите ТВ станици.

За жал тоа е само еден во низата нереди на спортските терени кои се врзани со политиката. Минатиот викенд во Малме играа тениските репрезентации на Шведска и на Израел. Поради стравувањата од ескалација на протестите против израелската офанзива во појасот Газа, организаторот одлучи да нема гледачи на трибините. Арапите, наместо во салата, протестираа пред неа и се судрија со локалната полиција, а за безбедноста на израелските тенисери се грижеа повеќе од 1.000 шведски полицајци. Израел ја совлада Шведска со 3:2, но сигурно повпечатлив од спортскиот момент беше тоа што се случуваше пред салата.

Во пресрет на Олимписките игри во Пекинг, во време кога факелот со олимпискиот оган, симбол на мирот, го обиколуваше светот, бевме сведоци на чести обиди за негово гаснење. Во акцијата против Кина се вклучија бројни актерски и музички ѕвезди, но и обични луѓе кои се залагаат за почитување на човековите права во Тибет. Кинеските власти и сите членови на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги игнорираа сите напади бидејќи во случајот поважен им беше профитот отколку борбата за нечии права. За среќа немаше човечки жртви од причина што Кина му посвети големо внимание на тој дел испраќајќи ги во небото своите воени авиони, но и сателити.

Една од најголемите трагедии на спортските натпреварувања, кои се поврзуваат со политички делувања, секако е акцијата на палестинските екстремисти кои на Олимписките игри во Минхен во 1972 година влегоа во олимпиското село и убија 11 израелски спортисти.

Оттогаш на Олимпијадите нема жртви, но и тоа како се почувствува влијанието на политиката во нив. На Игрите во Монтреал во 1976 година не учествуваа спортисти од Африка. Се решија на бојкот затоа што ИОК дозволи настап на претставници на Нов Зеланд кои во текот на годината одржуваа спортски натпреваро со расистичка Јужна Африка. На Игрите во Москва во 1980 година следеше „блоковско“ игнорирање на САД, а земјите од Варшавскиот пакт, со исклучок на Романија, предводени од тогашниот СССР, ги заобиколија Игрите во Лос Анџелес во 1984 година.

Спортот поточно фудбалот имаше свој удел во една од најбизарните светски војни меѓу Хондурас и Ел Салвадор во 1969 година. Воените дејства траеја пет дена што ги залади односите меѓу двете земји во наредните 37 години. Иако судирот за населениците од Салвадор во Хондурас веќе тлееше и пред официјалниот почеток на војната, сепак, тензиите околу самиот фудбалски меч меѓу двете репрезентации во квалификациите за Светското првенство продуцираа вистинско крвопролевање.

Слична последица имаше и натпреварот меѓу Динамо Загреб и Црвена звезда кој требаше да се одигра на 13 мај во 1990 година. Тој беше показател во која насока ќе се движи развојот на политичката ситуација на просторите на поранешна Југославија. Се' уште се свежи спомените за тогашниот милициски пропуст и дивеењето на Делиите на јужната трибина на Максимир, водените топови, солзавецот и пендреците по навивачите на загрепскиот клуб.

Во понови време работите се менуваат. Организаторите на големите фудбалски самити, Европското првенство во Австрија и Швајцарија и Светското во Германија се обидоа да го спречатстравот од терористички напади по слични методи како и Кинезите на ОИ 2008. Меѓутоа, еден од најголемите фудбалски стручњаци на денешницата, Арсен Венгер, изрази стравување и упати апел за претпазливост.

„Не мислиме дека сме цел, но имаме право да се запрашаме што може да ни' се случи. Изненаден сум што фудбалот досега не беше цел за напади. Спортот стана главна и најпопуларна работа и претставува вистинско нешто ако некој сака да го привлече целокупното светско внимание. Неколку пати размислував за тоа, особено кога се играат Европските и Светските првенства. Досега, за среќа, имавме само лажни тревоги пред некои од натпреварите на домашен терен. За тоа не сакавме да зборуваме во јавноста бидејќи се случува луѓето да не ги забораваат своите торби на стадионите. Стравувам само таа торба да не биде некогаш онаква каква што не посакуваме“, коментира Венгер. (хтнет.хр)

 


Статијата е прочитана 145 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
На Универзијадата во Белград со пливачи и со атлетичари
Фергусон убеден дека Мурињо ќе оди на пенали
Предноста на домашен терен се' потешка мисија за Бостон
Без Стојановиќ против Исланд и Белгија
Реми на Станојоски на ЕП во Будва
Претседателот Јованов поднесе неотповиклива оставка
Македонија зад ЈАР на ИТФ-листата