Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт
Без Стојановиќ против Исланд и Белгија

Од СП ќе го нема ни повредениот Димовски, Јоноски се враќа по две години

Иако по враќањето од Светското ракометно првенство во Хрватска ни изјави дека не го отпишал и покрај конфликтот со него поради кој го врати во Македонија по првиот круг, селекторот Иле Темелковски, сепак, не го повика Радослав Стојановиќ за претстојните дуели со Исланд и со Белгија во квалификациите за Европското првенство 2010 во Австрија. Од составот што настапи на мундијалот ќе го нема ни Ванчо Димовски, кој ќе оди на операција на коленото во Австрија. Ацо Јоноски, пак, по две години се враќа во репрезентацијата.

За продолжението од евроквалификациите Темелковски повика 19 ракометари, и тоа голманите Ристовски, Ангелов и Митревски, крилата Алушовски, Макалоски, Недановски, Темелков и Златко Мојсоски, бековите Кирил и Филип Лазарови, Наумче Мојсоски, Миркуловски, Митков, Јоноски и Мите Стоилов, како и пикерите Ѓоргоноски и Стојанче Стоилов.

Македонија на 18 март во Скопје го пречекува Исланд, а четири дена подоцна и' гостува на Белгија во Херстал. Лидер во третата група е Норвешка со седум бода од четири средби, Исланд и Македонија имаат по три од два меча, колку и Естонија од четири натпревари, а последни се Белгијците без бодови од четирите одиграни дуели.



Загреб на Лазаров против Кил

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров и неговиот Кроација осигурање Загреб во четврт-финалето на Лигата на шампионите за противник го добија ланскиот финалист Кил. Хрватскиот првак е домаќин на првиот меч што треба да се одигра меѓу 25 и 29 март, а реваншот ќе биде меѓу 1 и 5 април во Германија.

Другите двојки за четврт-финалето се: Сиудад Реал (Шпанија) - Веспрем (Унгарија), Флензбург (Германија) - Хамбург (Германија) и Чеховски медведи (Русија) - Рајн Некар (Германија).



ЛШ в година со 24 екипи


Лигата на шампионите во машка конкуренција од наредната сезона ќе има помалку учесници, се договорија клубовите на понеделничкиот состанок во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена. Бројот на екипите од 32 ќе се намали на 24, а полуфиналето и финалето ќе се одиграат на едно неутрално место, како во Суперкупот.

Конечната одлука за промената на натпреварувачкиот формат ќе биде донесена на седницата на ЕХФ кон крајот на март во Москва.



Бревик замина во пензиЈа


Легендарната селекторка на женската ракометна репрезентација на Норвешка, 53-годишната Марит Бревик, се повлече од кормилото на националниот тим. Минатиов викенд таа последен пат ја водеше најуспешната женска селекција во светот во двата пријателски натпревара со Франција на гостински терен. Французинките направија сензација во првиот, победувајќи со 23:21, а Норвежанките се реваншираа во вториот, славејќи со 22:17.

Во 15-те години на чело на норвешкиот тим Бревик освои 13 медали од големите натпреварувања од рангот на ОИ, СП и ЕП, а последно и' беше златото на Европското првенство што во декември минатата година се одржа во Македонија. (Р.Д.)


Статијата е прочитана 483 пати.

Испрати коментар

Од: Френк
Датум: 11.03.2009 00:23:49
Браво Иле. Ти пројде ли ќејфот? 5.000 навивачи во Задар видоа колку ни фали лев бек, а за Раде нема место. Колку и да се лутиш, не дај боже левите бекови да играат како во Задар - господ не те спасува. А да проверевте колку игра Јоноски во Босна пред да го повикате?
Од: Tabak
Датум: 11.03.2009 08:57:25
Selektor si e selektor a Rade si e Rade ako ne uspee selektorot site ke kazat deka e zatoa sto go nemase Rade vo redovite i nema da pogresat ... se nadevam deka Rade cita i znae deka e najdobar lev bek vo ovoj moment so koj raspolaga (ili ne) nasata reprezentacija ... i d apotsetam ovde ne e vo prasanje malski rakomet tuku interesot na edna reprezentacija kade nema mesto za egocentricno odnesuvanje... POZDRAV NAPRED MAKEDONIJA
Од: pop
Датум: 11.03.2009 11:09:23
uste ne vi ide pametot so neigranjeto na Rade I Branko ama ako koga nema da se plasirame ponatamu cacko ke ni bide kriv
Од: Goran
Датум: 11.03.2009 13:38:28
G-dine Temellkovski imajte malku doblest i pokazete malku deka vi znaci nesto Makedonija i Makedonskata Reprezentacija.Pa nie ne navivame za vas nego za Makedonija,vasit konflikt na strana a site znaeme deka Rade e potreben na ovaa reprezentacija.

Најди! во Утрински
Спорт
На Универзијадата во Белград со пливачи и со атлетичари
Спортистите како жртви на терор и политички цели
Фергусон убеден дека Мурињо ќе оди на пенали
Предноста на домашен терен се' потешка мисија за Бостон
Реми на Станојоски на ЕП во Будва
Претседателот Јованов поднесе неотповиклива оставка
Македонија зад ЈАР на ИТФ-листата