Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Предноста на домашен терен се' потешка мисија за Бостон

Гарнет, Рондо, Скалабрин и Тони Ален се повредени и не се знае кога повторно ќе заиграат заедно

Бостон ќе мора да ја продолжи трката со Кливленд без својот најдобар кошаркар Кевин Гарнет кој ќе отсуствува од терените најмалку уште два меча, но проблемите со повредите кај селтикси никако да запрат. Предноста на домашниот терен во плеј-офот станува се потешка мисија за актуелниот шампион во НБА лигата. Гарнет, Рондо, Скалабрин и Тони Ален се повредени и не се знае кога повторно ќе заиграат заедно. Тренерот Док Роверс е свесен дека е потербно време, но не губи оптимизам.

„Сакаме да ја имаме предноста на домашен терен во разигрувањето за титулата, но мислам дека можеме да победуваме и во гости“, порачува Риверс.

Гарнет го повреди десното колено на 19 февруари. Тогаш прогнозите за опоравување и враќање на терените беа две до три недели. Но, неговиот кам-бек во дресот на селтикси се пролонгира. Исто како и лани, и оваа година тој е важна алка во играта на Бостон со просек од 16,3 коша и 8,8 скока по натпревар. Последниот меч на тимот против Орландо го пропушти и одличниот Рондо што му овозможи на се' уште невоиграниот Марбери да фати место во стартната постава.

И покрај проблемите Бостон се' уште го држи второто место во Источната конференција со скор од 49 победи и 15 порази. Селтикси водат мртва трка со лидерот на Истокот, Кливленд, а се' повеќе се заканува Орландо (46 победи и 16 порази) предводен од расположениот Хауард. Расплетот полека почнува вечерва кога Бостон му гостува на Мајами, без Кевин Гарнет.



ВеЈд со троЈка му донесе победа на МаЈами

Мајами го совлада Чикаго, по две продолженија, со 130:127 во најинтересниот вчерашен натпревар во НБА лигата. Победата на „жешките“ им ја обезбеди Двејн Вејд со тројката со звукот на сирената. Мечот го заврши со дури 48 коша, 12 аистенции и шест скока и беше најдобар поединец во средбата, лидер кај булси беше Бен Гордон со 43 поени.

Детроит, пред своите гледачи, го порази Орландо со 98:94. Ричард Хамилтон оствари 29 поени и, рекордни во неговата кариера, 14 асистенции. Предводник на „магичните“, третопласирани во Источната конференција, беше Двајт Хауард со 27 коша и 14 скока. За Орландо ова беше прв поразво последните пет натпревари.

Резултати: Атланта - Њу Орлеанс 89:79, Детроит - Орландо 98:94, Мајами - Чикаго 130:127 (по продолженија), Минесота - Вашингтон 99:110, Денвер - Хјустон 95:97, Портланд - Л.А. Лејкерс 111:94.



По падот во несвест, Фернандез стабилен

Шпанскиот кошаркар во редовите на Портланд, Руди Фернандез, е во стабилна состојба, пренесува „Ел мундо депортиво“. Тој настрада при еден дуел под кошевите во мечот против Л.А. Лејкерс што неговиот тим го доби со 111:94 и падна во несвест. При првиот контакт со лекарите Фернандез се пожали на болки во градите.

 


Статијата е прочитана 153 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
На Универзијадата во Белград со пливачи и со атлетичари
Спортистите како жртви на терор и политички цели
Фергусон убеден дека Мурињо ќе оди на пенали
Без Стојановиќ против Исланд и Белгија
Реми на Станојоски на ЕП во Будва
Претседателот Јованов поднесе неотповиклива оставка
Македонија зад ЈАР на ИТФ-листата