Брoj 2696  вторник, 27 мај 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Трофејот на Македонија генералка за Исланд

Македонските ракометари вечерва од 18 ч. стартуваат против Бугарија

Роберт Димитриевски

Со вечерашниот прв натпревар на Трофеј на Македонија против Бугарија од 18 ч. во СРЦ „Кале“, македонските ракометари ќе ја почнат втората и последна фаза подготовки со контролни средби за јунскиот двомеч со Исланд од баражот за Светското првенство 2009 во Хрватска. Утре противник на избраниците на селекторот Иле Темелковски ќе им биде Бразил, кој се подготвува за Олимписките игри во Пекинг. Во другата група се селекциите на Египет, на Црна Гора и на Босна и Херцеговина.

„Очекувам прво место во групата и финале против најдобриот од другата група. Со Бугарите ќе биде загревање, следува посилен противник каков што е Бразил и најтешкиот во финалето. Овие мечеви се шанса за испробување варијанти за баражот со Исланд, во кој ќе се обидеме по десет години повторно да заиграме на едно големо натпреварување“, вели Темелковски.

Со слични пораки и репрезентативците Радослав Стојановиќ и Владимир Темелков.

„Трофејот добро ќе ни дојде за дуелите со Исланд. Групата е полесна од другата, но Бразил, како учесник на ОИ, не е за потценување. За споредба, и за Турците на Балканијадата мислевме дека лесно ќе ги победиме, водевме и со девет гола разлика, а на крајот беше само нерешено“, предупредува Стојановиќ.

„Бугарија и Бразил се токму такви противници, со кои може да се види каде правиме грешки, за да не ги повториме против Исланд. Денес сите играат добро ракомет, брзи се и подготвени, посебно Бразилците. Во секој случај, очекувам финале“.

Трофеј на Македонија е прва акција на националниот тим со Ристо Чокрев како директор на репрезентацијата. Тоа и практично ќе го означи преземањето на селекцијата од Металург по повлекувањето на Михајло Михајловски од Вардар про.

Првите два натпреварувачки дена од Трофејот ќе се одиграат во Скопје, а домаќин на мечевите за пласман ќе биде Велес. Овој град е алтернатива на главниот и за баражот со Исланд, бидејќи новата сала „Борис Трајковски“ се' уште нема ценовник за користење.


Статијата е прочитана 155 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Русевски испадна од првите 300
Купот на Македонија за фудбалерките на Шќипоњат
Мурињо потпишал за Интер?
Кој ќе го спонзорира Вардар?
Лејкерси тешко настрадаа во Сан Антонио
Синот на Јаник Ноа, Јоаким фатен со марихуана
И Грант не го преживеа императорот Абрамович
За Села 15. етапа на Џиро
Куертен му рече збогум на тенисот
Томислав Јотовски се остри за Ролан Гарос