Предраг Русевски продолжи да паѓа на АТП-листата и повеќе не е меѓу најдобрите 200 тенисери во светот. Неделава е 307. во сингл, односно 21 место подолу во однос на минатата седмица, а во двојки назадуваше 13 позиции, запирајќи на 289.
Пад бележат и колегите на Русевски од Дејвис куп репрезентацијата на Македонија, Лазар Магдинчев и Илија Мартиноски. Магдинчев е дури 827. (-34) во сингл и 297. (-10) во дубл, а Мартиноски 1013. (-9) во поединечна конкуренција и 1292. (-3) во двојки.
По Плевен, Мартиноски и оваа седмица останува во Бугарија, каде што ќе игра директно на главниот турнир од фјучерсот во Софија, со награден фонд од 10.000 американски долари. (Р.Д.)
uste malku pa i megu 400 ke go nema. se gleda deka ne moze nisto poznacajno da napravi na obicen celinger a kamoli na nekoj pogolem turnir. zelba mu bilo da igra na rolan garos??? za zal nema da mu se ispolni.
Од: Teniski fan
Датум: 27.05.2008 01:14:37
Neznam zosto javnosta gi velici tolku nasive teniseri, ili tie sami se velicat. Nemozat da minat prvo kolo na celindzer, a kamoli na ATP turnir. Neka si igraat fjucersi, kade sto nastapuvaat mladi teniseri pod 18 godini, i neka se gordeat so pobedi nad niv. Pa zgora na se baraat pari od drzavava???? Pa ete vi turniri, napravete uspreh i osvojte si??????
Од: anita
Датум: 27.05.2008 11:02:28
abe vie dvajca mnoooooogu ste pametni se gleda!!!!!!!!-gledam sve znaete pa komentirate-pffffffffff