Брoj 2696  вторник, 27 мај 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

И Грант не го преживеа императорот Абрамович

Милијардерот создаде сиромашна програма, која може да биде детектирана како вирус од светските менаџери

Наум Котевски

Случајно, или не, како што за време на Втората светска војна руската тајна полиција го депортира неговиот татко Евреинот Меир Грант од родната Полска во Колима, Русија, така повеќе од 60 години подоцна рускиот тајкун (со еврејско потекло) Роман Абрамович го „депортира“ Аврам Грант од неговиот Челзи, но во непознат правец.

Само по осум месеци работа на „Стемфорд бриџ“ Изрелецот заминува од еден од најбогатите делови на Лондон со горчливо деградирачко чувство дека е предаден од својот газда. Како што неговата контроверзна сопруга Цофит во една од своите ТВ емисии во Изреал шокантно по своја волја ја испи сопствената мочка, така Грант контра своите разбирања мораше да ја „испие“ моќта на Абрамович. По таквиот развој на настаните, светската јавност деновиве се прашува дали е тоа вистински потег или требаше да му се даде нова шанса на Грант?

Некои велат, па не освои ниту една титула нормално е да си оди. Други мислат поинаку со образложение дека Грант бил на чекор до двете главни титули и само за два бода го загуби трофејот во Премиер-лигата, а згора на тоа еден промашен пенал во Москва, оној на Џон Тери, го сопре „тендерот“ за изградба на негов споменик како прв стручњак, кој го одвел овој тим на врвот на Европа. Дури се случи и Фудбалската федерација на Изреал да излезе со официјално соопштение во кое вели дека Грант на крајно нефер начин е сменет токму поради успехот што го направил. „Знаете, Тери можеше да го даде пеналот и Челзи да биде шампион. Е тогаш Грант ќе останеше. Па, не може да го обвинуваат Грант што Тери промашил пенал“, смета Фудбалската федерација на Израел.

Неутралните ќе ќе најдат вистина и кај еднјите и кај другите. Како и да е, фактите велат дека Грант успеа со макотрпна работа да го одржи во форма тимот, кој колабира по емотивното збогување со Жозе Мурињо. Техничкиот директор на Портсмут во 2006 (а потоа и на Челзи во 2007) на клупата на лондончани функционираше под огромен притисок и со мислата како да излезе од сенката на Португалецот, кој му остави и две струи во соблекувалната. Затоа и му се случи на дербито против Манчестер јунајтед да мора да ги разделува Дрогба (симпатизер на Мурињо) и Балак, кога буквално влегоа во физичка пресметка кој да изведе слободен удар.

Сетоа тоа Грант храбро го издржа, како што ги издржа константните антисемитски закани, во кои меѓу другото се велеше дека „Грант ќе умре бавно и болно“. И сега неговиот татко, кој го следеше првото финале на својот син во Лига-купот на „Вембли“, прославувајќи го својот 80. роденден, вели дека антисемитските сили, а не Абрамович, го избркале Аврам, чиј

најголем кредит е бездруго играта на Челзи, за која многумина сметаат дека била подобра од времето на Мурињо. Токму тоа им оди во прилог на оние кои сметаат дека Абрамович го злоупотреби Грант. Еден од нив е и менаџерот на Манчестер Ј., Алекс Фергусон, кој својата кариера од над 20 години на клупата на „бебињата“ ја градеше со девизата дека за секој успех потребно е време. И затоа и денеска не се срами да им се заблагодари на сите раководни структури на Јунајтед, кои во неколку наврати размислувале да му кажат збогум, а тоа не го направиле.

Но, Абрамович е сосема друга приказна. Тој императорот од Рим и тој одлучува за гладијаторите. Неговата голема љубов со Мурињо почна да пропаѓа кога Португалецот почна да вика погласно од него, а сега не можеше да поднесе да му се случи хаварија во неговата Москва. Закупи најскап хотел, поканите за прославата веќе беа со машничка, но Тери и Јунајтед го пратија да си легне во една од неговите скапи јахти каде што го менува екипажот како во Челзи - кога ќе му текне.

Милијардерот создаде сиромашна програма, кој дефитивно може да биде детектирана како вирус од светските менаџери, кои бараат самостојност и мир и се против коцептот на „рана пензија“. На сите нив им е јасно дека Абрамович е поборник на тезата дека е и газда, и играч, и тренер. Дека ако на Мурињо му беше протнат под жито Шевченко дека ќе мора и тие да мижат пред самоволието на Абрамович. Тоа им е јасно и на главните кандидати за наследници на Грант - Рајкард и Липи, па и на Мурињо за кого се шпекулира дека ќе се варти. Можеби го импресионирала Абрамович изјавата на Португалецот дадена по финалето во Москва, во која вели дека „во филозофијата на губитниците ова беше одлична сезона за Челзи и јас го почитувам тоа “.

Но, Мурињо бргу ја извади мамката од устата на Абрамович со тоа што јавно му ги соопшти условите за втората нивна свадба: „Сакам потполна контрола над сите фудбалски прашања, вклучувајќи ги и траснферите и акедемијата како и итна оставка на директорот на академијата Франк Арнесен“, кажа Мурињо.

По ваквите негови изјави лесно е да се претпостави дека Абрамович не сака да го види пред матичар, но без разлика кој ќе дојде на жешката клупа, веројатно доколку по некое време го прашате како ти оди работата во Челзи ќе ви одговори: „Работам супер работа за супер пари“. Нормално вие ќе знаете дека тука нешто опасно не штима, само поради телохранителската филозифија на Абрамович, а која вели: прими го куршумот каде што газдата ќе ти каже!


Статијата е прочитана 576 пати.

Испрати коментар

Од: CHELSEA
Датум: 27.05.2008 12:35:15
Odli4na statija,nema sto.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Русевски испадна од првите 300
Купот на Македонија за фудбалерките на Шќипоњат
Трофејот на Македонија генералка за Исланд
Мурињо потпишал за Интер?
Кој ќе го спонзорира Вардар?
Лејкерси тешко настрадаа во Сан Антонио
Синот на Јаник Ноа, Јоаким фатен со марихуана
За Села 15. етапа на Џиро
Куертен му рече збогум на тенисот
Томислав Јотовски се остри за Ролан Гарос