Синот на Јаник Ноа, Јоаким фатен со марихуана
Кошаркарот на НБА тимот на Чикаго Булс, и син на прославениот француски тенисер Јаник Ноа, Јоаким Ноа (23) завчеравечер во американскиот град Гансвил е уапсен поради поседување марихуана. Помладиот Ноа го сопрела локалната полиција во два часот наутро, откако полицајците забележале дека високиот Јоаким во раката држи пластично шише во кое, како што било подоцна утврдено се наоѓал алкохол. Откако кошаркарот бил приведен во полициската станица заради земање податоци, во неговите џебови, полициските службеници пронашле и марихуана. Бидејќи младиот кошаркар цело време додека траел случајот добро соработувал со полицајците, тие решиле да го пуштат дома. Сепак, Ноа ќе мора да се појави на суд за кратко време. За ваков прекршок, строгите закони на САД предвидуваат и затворска казна од шест месеци. |